Елен Деџенерис и Порша де Роси одлучија да се збогуваат со својот имот во Санта Барбара и да го продадат за 40 милиони долари…
Според јавно достапните податоци, славната двојка го купила овој имот минатата година по цена од 27 милиони долари. Наречено Солт Хил, се наоѓа на брегот на Монтесита и нуди уживање во неверојатен поглед на океанот. Не содржи само една, огромна вила – станбена површина од 1.070 квадратни метри се простира на четири различни структури. Главната вила зафаќа околу 800 квадратни метри, но има куќа за гости, фитнес центар и канцеларија за обезбедување.
Имотот е дизајниран да изгледа како балиско одморалиште. Секоја од зградите има покриви од слама, додека главните завршетоци се топло дрво и темен камен. Деџенерис и Роси значително го проширија овој имот кога го купија, додавајќи уште некои парцели во близина.
Според наводите, имотот и главната вила првично биле направени по мерка за претприемачите Марша и Џеј Глејзер. Ова дуо обожава да собира уметнички дела, со парчиња од Рој Лихтенштајн, Џеспер Џонс и Дејвид Хокни во својата колекција, меѓу другите. Солт Хил тимот, поседува уметнички дух, со нешто помалку познати слики на ѕидовите.
Главниот простор за живеење има стаклени sидови кои го врамуваат бесконечниот базен на фантастичен начин и овозможуваат уживање во погледот на океанот, додека е комплетиран со скулпторски лустер од шпанската дизајнерка Нача Карбонела.
Погледнете повеќе во фото-галеријата.