Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Архитектонско чудо среде шума: Канцеларија од 72 квадратни метри во која многумина би сакале да работат

Канцеларијата се состои од само една просторија од 72 квадратни метри, која е делумно покриена со проѕирен ѕид.

Шпанската архитектонска фирма SelgasCano потпишува неколку интересни проекти низ целиот свет – од Auditorio de Badajoz, Auditorio El Batel Cartagena и Auditorio de Plasencia во Шпанија, преку заеднички згради во Лондон, Португалија и Лос Анџелес до училиште и центар за вакцинација во Африка.

Најпосетен проект, сепак, е нивната архитектонска канцеларија среде шума, односно во близина на Мадрид, изградена во 2008 година. Хозе Селгас и Лусија Кано дизајнирале тубуларна канцеларија долга 18 метри, широка околу четири метри и висока околу 2,5 метри.

Канцеларијата се состои од само една просторија од 72 квадратни метри, која е делумно покриена со про проѕирен ѕид. Поточно, sидовите од едната страна се направени од фиберглас со дебелина од 11 сантиметри и овозможуваат спектакуларен поглед од работното место до околината. Затоа, вработените се чувствуваат како да работат од самата шума.

Масите се отстранети од директна сончева светлина и овозможуваат нормална работа во текот на денот. Дел од зградата е закопан 1,2 метри под земја, поради што канцеларијата останува добро климатизирана дури и за време на најжешките шпански лета.

Погледнете како изгледа еден работен ден од архитектонската канцеларија SelgasCano во нашата фотогалерија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement