Вила Ајер, единствената куќа во светот целосно дизајнирана од Луис Комфорт Тифани, синот на основачот на Тифани и Ко., штотуку излезе на пазарот и може да биде ваша за 17 милиони долари.
Изградена во 1902 година, петкатната вила од позлатената ера зафаќа неверојатни 1560 квадратни метри. Дизајнерите се надеваат дека ќе ја вратат во првобитната состојба како семејна куќа која, меѓу другите луксузни објекти, има шест спални соби, 13 бањи, 10 камини и тераса на покривот.
И покрај реновирањето, зачувани се многу оригинални детали од куќата. При дизајнирањето на вилата, Тифани била инспирирана од античка Грција, далечниот исток, па дури и од Светскиот саем во Чикаго. Импресивното бело мермерно скалило во фоајето прикажува мозаични плочки од Тифани, а грчкиот храм на trompe l’oeil може да се види низ сводот на „просцениумот“. Витраж и светларници, прекрасните гипс картон и сложените камини се само неколку додатоци кои ја прават оваа вила уникатна.
„Карактерот на куќата е она што навистина ја прави посебна“, изјави директорот на Хацин + Асошиејтс, архитектонската фирма задолжена за реновирање на Вила Ајер.
Домот првично е дизајниран за бизнисменот Фредерик Ајер и неговата сопруга Елен, кои сакаа Тифани да го дизајнира нивниот дом. Иако е попознат по своите светилки, Тифани дизајнираше сè, од надворешноста на куќата до украсни предмети и тапети. Во 2005 година, имотот беше прогласен за национално историско обележје.
Сегашните продавачи првично планирале да ја претворат вилата во станови, но откако го виделе извонредниот дом и сите негови историски детали, решиле поинаку.