Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Spaceship домот кој ѝ бил изграден на Наоми Кемпбел од бившото момче (сѐуште) е на продажба

Поранешното момче на Наоми Кембел, милијардерот Владислав Доронин, ја продава резиденцијата што ја изградил за време на нивната љубовна врска што траеше од 2008 до 2012 година. Футуристичкото здание изгледа како вселенски брод што слетал во шумата близу Москва и ниту еден ривал на Џејмс Бонд не би се срамел од тоа.

Славната архитектка Заха Хадид, која беше ангажирана од Доронин, откако таа нацрта скица на неговата салфетка, е одговорна за оваа екстравагантна зграда. Ова е единствената приватна резиденција што ја дизајнирал славниот архитект, која почина во 2016 година, а се карактеризира со препознатливи органски форми и линии.

Хадид многу успешно го реши барањето на сопственикот за кога ќе се разбуди, да не гледа никој околу себе освен природата и дизајнираше кула висока 30 метри низ која минува застаклен лифт, а на врвот е спална соба со поглед на околната шума. Под нивото на земјата има дел од куќата со спа центар, голем базен и ноќен клуб, а на приземјето соба за гости.

Доронин, милијардер во недвижнини и сопственик на „Аман ресортс“, наводно вложил околу 140 милиони долари за изградба на резиденцијата и од 2016 година безуспешно се обидувал да ја продаде, па според последните информации, цената паднала на „само“ 78 милиони долари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement