Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Сѐ поради КОВИД-19: Ви Го Претставуваме Бесконтактниот Хотел

Не еднаш сме дошле до заклучок дека притисокот од новините кои без наша желба ни се случуваат, сепак можат позитивно да влијаат врз нашите животи. Во овој случај на испит беше креативноста на хотелиерите – несомнено, хотелите и воопшто туризмот претрпеа многу финансиски удари за време на пандемијата. 

Инспирирани од иновативноста на технологијата, а поттикнати од желбата за заработка, се роди идејата за бесконтактен хотел, во кои гостите ќе бидат безбедни и покрај рестрикциите кои оваа пандемија ни ги донесе.

Бесконтактните хотели им нудат можност на гостите сами да се пријават, сами да раководат со лифтовите, да ја отклучат вратата и да ги контролираат сите прекинувачи внатре, без притоа да мора да допрат нешто друго освен својот мобилен телефон. Повеќе нема потреба ниту од клучни картички.

SYMBIoT е мозокот на новата генерација паметни хотелски соби. Лесен за инсталирање и ефтин за одржување. Оваа технологија за бесконтактно приклучување досега беше достапно за домот, а денес и за хотеската индустрија.  SYMBIoT им ја дозволува целосната контрола на гостите, и тоа директно од кој било мобилен уред, на која било мрежа преку “клауд-опцијата”. Нема потреба да преземате апликација. Иновативноста со кликнување и движење обезбедува повисоко ниво на безбедност отколку алтернативите управувани од апликации.

Едноставна интеракција со API значи дека SYMBIoT може да го контролира греењето и климатизацијата, осветлувањето, ролетните, бравите, ТВ и аудио опремата. Ова е одлично решение дури и за гостите кои претпочитаат традиционални решенија за контрола на просторијата – SYMBIoT работи во нивна корист. 

Инсталацискиот пакет вклучува платформа за управување со “клауд-от” кое нуди извонредни можности за меморија, отстранувајќи ја потребата за датирани и скапи физички сервери на локацијата.

Па, како функционира сето ова?

Во моментот кога гостинот ќе направи резервација, по мејл ја добива потврдата за доделената контролна врска. SYMBIoT овозможува контрола врз хотелот, веднаш штом гостите се пријават, и тоа, како што напоменавме од својот мобилен уред. 

Откако гостинот си заминува од хотелот, преку системот за управување со имот се испраќа предупредување за крајот на престпјот, памтака гостинот во заминување губи контрола врз хотелот.

SYMBIoT овозможува и дијагностицирање во просторијата во реално време, со моќ да го предупреди персоналот за одржување, кога треба нешто да се поправи во просторијата, ккао на пример менување сијалица или слично. 

Сето ова е резултат од петгодишното истражување и развој, како и соработката на глобалните ИТ тимови.  Водечките светски партнери за иновации на SYMBIoT ги вклучуваат: Samsung, Salto, Artemide и Crestron. 

Оваа технологијата е веќе инсталирана во хотелот „Блок“ на аеродромот Гетвик во Лондон.

SYMBIoT го трансформира начинот на кој ќе работат хотелите во пост-пандемскиот свет. 

Главниот директор за технологија, Оливие Делауно, рече: „Поради Ковид-19 гостите не сакаат да се разминуваат во холовите, да се возат заедно во лифтовите, и да имаат постојан контакт со вработените. Затоа, овој систем ги задоволува потребите на нашите гости.”

„Системот SYMBIoT им овозможува на гостите да се пријават и одјавуват преку својот мобилен уред, без да комуницираат со некој од вработените. Тие, исто така, можат да управуваат со светлата, ролетните, климата и телевизорот во нивната просторија. Интелигентното искористување на технологијата, ќе им овозможи на хотелските оператори да се фокусираат на намалување на ризикот и подобрување на искуството на клиентите.”

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Познати личности позираа во гламурозни креации од својот … дом. Еми наградите оваа година можеби беа виртуелни и немаше црвен тепих со физичко присуство,...

Fool Moon

Познатиот американски рок-музичар Брус Спрингстин денес го слави својот 71 роденден во друштво на сопругата Пати Скијалфа (67) со која е во брак 29...

Cotton Club

Ние ја сакаме модата затоа што некако не заокружува, таа делува како филтер што помага да падне светлото точно на начинот на кој треба...

Four Seasons

Ѕирнете во волшебниот и ултра-ексклузивен 21 Royal Suite – најекстравагантната приватна дестинација на Дизниленд. Најексклузивната адреса во Дизниленд сега е 21 Кралска улица, дискретно...