Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

7 најлуксузни скијачки центри во светот избрани од милијардери и познати ѕвезди

Откако во него е снимен филмот за Џејмс Бонд „Шпионот кој ме сакаше“, Св. Мориц е симбол на врвен гламур и ја оправдува својата репутација и ден денес …

Аспен, Колорадо, САД

Аспен е дом на некои од најлуксузните хотели во цела Северна Америка и има скапи ресторани и богат ноќен живот на секој чекор. Секако, нуди незаборавно скијачко искуство во текот на денот. Некои од најпознатите и најлуксузните хотели се The Little Nell, Jerome и St. Regis Aspen Resort.

Кортина д’Ампецо, Италија

Во Кортина ќе најдете комбинација од врвно скијање во прекрасна природа и планински врвови со неверојатен поглед како и врвни хотели како Cristalla, Faloria Mountain и Spa Resort и слично каде што можете да се разгалите и да се опуштите.

Шамони, Франција

Шамони е совршена локација и за почетници и за страсни и искусни скијачи, но по еден ден скијање градот нуди луксузен шопинг, врвни ресторани и одлични хотели како што се Le Hameu Albert 1er, приватна вила и хотел Mont Blanc Chamonix.

Гштад, Швајцарија

Во овој град одлично ќе се забавуваат и оние што не скијаат, без разлика дали ќе одлучат да се обидат да лизгаат или едноставно да го поминат времето во шопинг. Снежните патеки долги 90 километри се идеални за скијачи со средно ниво, а најдобрите хотели се Le Grand Bellevue, The Alpina Gstaad и Ultima.

Св. Мориц, Швајцарија

Уште откако во него беше снимен филмот за Џејмс Бонд „Шпионот кој ме сакаше“, Св. Мориц е симбол на врвен гламур и сè уште ја оправдува својата репутација ден денес. Доколку седите во некој од феноменалните локали, лесно би можеле да ги сретнете Кејт Мос или Клаудија Шифер. Има многу хотели со 5 ѕвезди, најпознати се Badutt’s Palace, Carlton House i Grand Hotel des Bains Kempinski.

Кицбил, Хотел Австрија

Кицбил е еден од најживописните и најшармантните скијачки градови, кој е и мегапопуларна летна туристичка атракција. Стекнува популарност во 1928 година по посетата на кралот Едвард VIII. и оттогаш е неизбежно место за џет сетери. Доколку сакате правилно да се однесувате кон себе, можете да изберете еден од следните хотели. A_ROSA Kitzbuhel, Tennerhof Gourmet and Spa de Charme Hotel, Хотел Schwarzer Adler.

Нисеко, Јапонија

Овој луксузен ски-центар е популарен меѓу светските џет сетери поради особено финиот и мек снег, популарно наречен „champagne powde“. Сезоната трае од ноември до почетокот на мај и тука можете да пробате сосема поинакво скијање по што ќе уживате во феноменално суши. Најпознатото одморалиште е Higashyama Niseko Village.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Даф призна дека достигнала фаза во која, денес, целосно го прифаќа своето тело и не е заинтересирана никогаш повторно да живее според холивудските стандарди...

Wall Street

Дресот што го носеше аргентинската фудбалска ѕвезда Диего Марадона кога го постигна својот познат гол „Божја рака“ за време на Светското првенство во 1986...

Green Tea

Руколата е една од најблагодарните намирници што можете да ги внесете во вашето секојдневие – се одгледува во текот на целата година, лесно се...

Wall Street

Проблеми со купувањето на мрежата Твитер – Маск објави дека одлуката ја става во мирување! Илон Маск понуди 44 милијарди за купување на Твитер...

Advertisement