Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

10 најубави села во Шпанија каде ќе го почувствувате вистинскиот дух на оваа прекрасна земја

Ако некогаш сте фантазирале за идиличните провинции во Шпанија и сте се запрашале од каде да започнете, можеби ова ќе ви помогне. Целата земја е полна со мали, тивки места со тој топол дух и бои на Шпанија, но дури и меѓу нив има некои мали разлики што можат да ве насочат кон вашите желби.

Здружението на најубавите села во Шпанија (или уште милозвучно: Los Pueblos Mas Bonitos de España) промовира мали села, заштита на локалната култура и наследство и туризам во овие области. Во моментов има околу сто села на списокот, а секоја година им се придружуваат нови.

Но, за да влезат во престижниот круг на најубавите, тие сепак мора да исполнуваат некои други критериуми освен убавината. Тоа се, на пример, зачувување на културното наследство, чистота, сообраќајот, грижата за градините и зелените површини итн. Бројот на жители не може да надмине 15.000.

Ова се селата кои беа наведени меѓу најубавите минатата година, наведени по азбучен ред, бидејќи не би било фер да се рангираат според убавината.

1. Alcudia (Baleares) се наоѓа на идиличниот остров Палма де Мајорка. Чиста медитеранска романса!

2. Atienza (Guadalajara) во централна Шпанија, недалеку од Мадрид.

3. Betancuria (Fuerteventura) е дел од шпанскиот архипелаг кој се наоѓа преку мароканскиот брег. Бели куќи, палми и цвеќиња.

4. Castellar de la Frontera (Cádiz) половина час возење од Гибралтар. Изграден од камен на врвот на ридот.

5. Castrillo de los Polvazares (León) – ако Медитеранот го имаше Дивиот Запад, ќе изгледаше вака.

6. Culla (Castellón), идилично село лоцирано помеѓу Барселона и Валенсија.

7. Mogrovejo (Cantabria) е село со камени куќи на северот на земјата, со грб заштитен од прекрасни планини.

8.Monteagudo de las Vicarías (Soria), село во кое доминира огромна тврдина. Ако ви се допадна Медина на Малта, ова е местото за вас.

9. Olivenza (Badajoz) – можеби е мала, но улиците и плоштадите се пространи. Сместено е покрај границата со Португалија и на моменти нè потсетува на малите латиноамерикански градови.

10. Pastrana (Guadalajara) за љубителите на ридскиот терен и населбите на „терасите“ на падините. Како и Атиенца, од Мадрид е оддалечено само час и половина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement