Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Чудо од снег и мраз: Град што треба да се види барем еднаш во животот во текот на зимата

Фестивалот Харбин некои го нарекуваат и замрзнат Дизниленд затоа што вклучува бројни замоци и други чуда од бајките во природна големина направени од снег и мраз.

Меѓународниот фестивал на скулптури од снег и мраз ќе се одржи во Харбин, Кина по 37-ми пат. Иако фестивалот официјално започнува на 5 јануари 2021 година со темата „Magical Harbin, Ice Snow Charming China“, повеќето скулптури се веќе завршени и локалното население веќе може да ужива во некои зимски објекти во паркот Zhaolin и Sun Island.

Фестивалот Харбин некои го нарекуваат и замрзнат Дизниленд затоа што вклучува бројни замоци и други чуда од бајките во природна големина направени од снег и мраз. Скулптурите од мраз се распространети на повеќе локации во градот на површина од околу 750.000 квадратни метри, а на нив во просек работат околу 10.000 луѓе.

Некои скулптури можат да достигнат висина од 50 метри! За изработка на скулптурите се користат околу 200.000 кубни метри мраз. Не е тешко да се дојде до мраз во овој најголем и главен град на провинцијата Хеилонгјанг во североисточна Кина, бидејќи зимите можат да бидат брутално студени, а температурите да се спуштат до -25 степени Целзиусови.

Покрај уживањето во скулптурите и светлосното шоу што се организира како дел од фестивалот кога ќе падне ноќта, посетителите на Харбин можат да пробаат различни зимски спортови од скијање до пливање во ледената река Сонгхуа.

Годишно 20 милиони луѓе го посетуваат фестивалот. Со оглед на тоа дека само Харбин има околу 10 милиони жители, тоа не е толку импресивна бројка … за Кина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Хотелот Вила Хонег е единствен бутик хотел со 5 sвездички, сместен на планините во Бергенсток кај Луцерн, Швајцарија. Овој хотел датира од 1905 година...

Route 66

Порше ја проширува листата на премиум локации за патување на кои има американски полначи за Порше Тајкан. Историскиот хотел Марк Хопкинс Интерконтинентал Сан Франциско...

Fool Moon

Ѕвездите од серијата „Чарлиевите ангели“, четириесет и шестгодишната Дру и четириесет и деветгодишната Камерон, добија огромна поддршка и виртуелен аплауз од многу жени, вклучувајќи...

Cotton Club

Модната недела во Њујорк заврши со модна ревија на Том Форд, чија колекција го одразува жешкото исчекување на ноќните излегувања. Многумина од нас сѐ...

Advertisement