Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Чувствувајте се како вистински Робинзон Крусо на луксузен пуст остров

Дали постои личност на светот која по напорниот ден на работа, исполнета со стресни состаноци, понекогаш иритирачки луѓе и сосема неочекувани ситуации, не сонувала да избега на пуст остров?

Можеби сите не сонувавме за напуштен остров среде океан, но сите сакавме да се скриеме од целиот свет, барем за кратко време и да избегаме од канџите на секојдневниот живот. За да ги задоволиме овие наши утописки желби, Кајо Еспанто, приватен остров во близина на Белизе, ни нуди агол што може да биде наш само некое време, и кој ќе ни обезбеди луксузно скривалиште од сè што не мачи.

Сместено на Карибите, на околу пет километри од рибарското село Сан Педро, ова одморалиште е дизајнирано да понуди ексклузивен одмор само на одбрана клиентела. На прв поглед, ќе ве маѓепса со своите кристално чисти води, азурните рефлексии и фактот дека нема да имате на повидок друга личност.

Како совршено екстравагантен, Кајо Еспанто е пред сè рај на приватноста. Само 18 гости можат да го посетат ова одморалиште и неговите седум вили одеднаш, кои се дизајнирани да ви понудат врвен мир и спокој во секој детал. Секоја од вилите има елемент што го издвојува од сите други – Casa Aurora се протега над морето благодарение на својата тераса, додека Casa Ventanas, бунгалов со вода, им дава на гостите можност да peирнат под отворено море, благодарение на стаклените подови.

Најлуксузната вила што ќе ја најдете овде е Casa Estrella, која се наоѓа на самиот крај на островот и се одликува со дрво во тиркизна нијанса. Имајќи предвид дека е најголемата од сите понудени, Casa Estrella има прекрасна спална соба на горното ниво, од каде можете да уживате во панорамски поглед на островот и околината.

Бескомпромисната приватност и раскошот во секој случај се придружени со врвни услуги и детали, бидејќи тука, меѓу другото, дури пет готвачи и чувар ќе се погрижат за вашите желби, обидувајќи се да го слушаат секој ваш каприц.

Ако сакате да уживате во поактивен одмор, тука можете да резервирате сесии за нуркање, да ја истражите околината на прекрасниот остров или да посетите некоја од блиските локации.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Клаудија Шифер доби голема чест – создадена е нова кукла Барби според нејзиниот карактер! Како дел од роденденот на супермоделот (таа наполни 50 години...

Cotton Club

Како друштвените мрежи ја спасија модата за време на пандемската криза? Бидејќи земјите почнаа постепено да ги затвораат своите граници и да ги ставаат...

Fool Moon

Астрологијата досега ни објасни многу за хороскопските знаци – кои се нашите карактерни црти, кој има добра душа, кој е најубав, најпаметен … И...

Fine Living

Додека ограничената креативност е болка со која сите сме се соочиле во оваа пандемија, некои брендови ни даваат надеж дека светот сè уште оди...