Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Фарски Острови: Факти што треба да ги знаете пред да ја посетите оваа далечна и магична дестинација

Островите ги красат карпи, зелени долини, но и фјордови, па можеме да ги наречеме рај за сите љубители на природата. Исто така, жителите се срдечни, но и различни, со оглед на тоа што меѓу жителите се среќаваат дури 77 различни националности…

Фарските Острови и Гренланд се две автономни територии на Кралството Данска, сместени во Атлантикот. Гренланд е, површно, најголемиот остров на светот, но на него живеат само 56.000 души. Од друга страна, Фарските Острови се прилично мали по површина, но таму живеат само 7.000 луѓе помалку отколку на Гренланд.

Вкупно 17 од 18-те острови се населени и се наоѓаат помеѓу Шкотска и Исланд. Поради својата уникатност, местоположба и историја, за многумина се интересни, но изгледа дека туризмот се развива дури во последните години, а овие острови во просек ги посетуваат 110 илјади туристи. Овие вулкански острови се меѓусебно поврзани со два подземни тунели, три моста и бројни фериботи. Како и да е, ако одите овде, поврзаноста помеѓу островите не мора да ве загрижува.

Островите ги красат карпи, зелени долини, но и фјордови, па можеме да ги наречеме рај за сите љубители на природата. Исто така, жителите се срдечни, но и различни, со оглед на тоа што меѓу жителите се среќаваат дури 77 различни националности. Еден од заштитните знаци е водопадот Мулафосур кој се влева во океанот. Специјалитет на островот се и птиците, фарските пуфини, кои изгледаат како мини пингвини.

Што се однесува до сместувањето, советот е да го решите пред патувањето, бидејќи може да биде исклучително скапо. Секако, една од опциите е и кампувањето, но со оглед на чудното време и фактот дека тоа не е дозволено „на отворено“, се чини поразумно да се најде некој вид на Airbnb.

Што се однесува до гастрономијата, ако патувате со ограничен буџет, заборавете на јадењето надвор. Тие се прилично скапи, па затоа ќе мора да се задоволите со храна од супермаркет. Таму би можеле да имате проблем со пиењето, бидејќи сите пијалоци кои имаат повеќе од 2,8 отсто алкохол се продаваат исклучиво во специјализирани продавници.

Во секој случај, доколку се одлучите да одите во тој правец, ќе направете многу добри фотографии, а секко во тоа ќе уживате, бидејќи овие пејзажи не оставаат простор за ништо друго.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Пејачката Лана Дел Реј беше уловена од папараците на плажа во Рио де Жанеиро, а во преден план е нејзиниот изглед кој многу се...

Green Tea

Ако сте работеле неуморно цел живот за да станете еден од најбогатите луѓе на планетата, ќе ви биде простено што сакате да забавите, да...

Cotton Club

Познатата оскаровка Џесика Честејн изгледаше одлично пред студиото на NBC во Њујорк. За снимањето на Today Show, 46-годишната актерка се одлучи за комбинација на...

Fool Moon

Познатиот холивудски актер и заводник Ал Пачино чека дете со својата девојка Нур Алфала, која е во осмиот месец од бременоста. Оскаровецот (83) и...

Advertisement