Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Уживајте во погледот низ најголемиот прозорец на Исланд

По само еден поглед на исландската геотермална лагуна со бесконечен раб во пристаништето Карсенс, можеме да го почувствуваме нивото на релаксација што може да ни го понуди…

Скоро една година порано, Скај лагуната, лоцирана на само неколку минути возење од центарот на Рејкјавик, се отвори со својот бесконечен раб долг 75 метри, нудејќи неверојатен поглед кон Северниот Атлантски Океан. Ако вашите минатогодишни рендери ја инспирираа вашата фантазија, додека го поминувавте времето во своите домови, сметајќи ги деновите до крајот на вонредната состојба, новите фотографии од овој фантастичен локалитет, прекрасните сини води, вулканите, водопадите и карпите ќе ве натераат да започнете ваше планирано патување и уживање во погледот низ најголемиот прозорец на Исланд.

Додека одморот и релаксацијата во Скај лагуната е она што ќе биде врежано во вашиот ум, бидејќи прекрасните спомени се волшебните погледи на Северната светлина, мрачното небо и зајдисонцето кои изгледаат нереално. Гостите можат да се поврзат со својот ум, тело и дух преку блескавите сили на геотермалните води, работејќи истовремено на вашето подмладување и релаксација. Вештачката лагуна од човечка рака има бесконечен раб од 75 метри, заедно со ладен базен, сауна, лагуна бар, трпезарија и трговска зона.

Гостите се охрабруваат да го следат „ритуалот со седум чекори“ додека се наоѓаат во лагуната, инспирирани од исландската традиција. Чекорите вклучуваат заздравување на топлите води во геотермалната лагуна, нуркање во ладен базен, глацијална вода за зајакнување на имунитетот и останување во сауна од пет до десет минути за чистење на кожата и затоплување подоцна и на душата.

Скај лагуната им нуди на гостите два пакети. Поскапиот „Sky Pass“ овозможува пристап до приватна просторија за пресоблекување и туш кабина со врвни простории за нега на коса и кожа. Билетите за ова рајско место започнуваат од 8.500 исландски круни, а разни датуми се достапни седум дена во неделата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement