Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Ставете ги први на листата: 7 магични земји на Африканскиот континент што вредат да се истражат

Многумина од нас веднаш помислуваат на беда и сиромаштија при самото спомнување на Африка. Па, иако е вистина дека многу делови од Африка сè уште се неразвиени, вистина е и дека има повеќе од педесет земји на овој континент, а многу од нив сепак имаат неверојатна вредност да се истражат. Затоа, ве носиме во седум земји на Црниот континент, и која од нив и да одлучите да ја посетите – нема да зажалите.

Сенегал

Се наоѓа на врвот на западниот дел на Африка, Сенегал може да се пофали со прекрасни глетки, огромни национални паркови, многу песочни плажи и повеќе од 500 километри крајбрежје за истражување. Со оглед на близината, се исплаќа да скокнете до Кејп Верде, но и до островот Мар Лоѓ, каде што мора да земете двоглед и да уживате во безбројните видови птици. И ако само сакате мирно да пловите и да се опуштите, тука е розовото езеро Лак Роуз, кое тешко ќе го пропуштите…

Танзанија

Земјата е дом на Килиманџаро, една од највпечатливите планини во светот. Значи, секој што сака да го почувствува воздухот над 5 илјади метри надморска височина, тешко дека ќе згреши со доаѓањето во Танзанија. Секој друг, кој не сака височини, но ја сака природата, може да се упати кон најголемото африканско езеро – Викторија. Сепак, бидете внимателни таму, бидејќи нилските коњи слободно шетаат и пливаат, животни кои се слатки само во цртаните филмови.

Јужноафриканска Република

Иако земјата е далеку од синоним за безбедност, посетата се исплати ако за ништо друго, тогаш за одење на сафари. Тоа е една од најпопуларните туристички активности овде, па иако можат да бидат скапи, ќе најдете и прифатливи опции. На пример, можете да „фатите“ тридневна турнеја за 260 евра со вклучено сместување и оброци. Најпосетуваните национални парови ќе ви овозможат да се сретнете со „големата петорка“, односно лав, леопард, носорог, слон и африкански бивол.

Египет

Северна Африка е многу по туристичка од остатокот на земјата, што значи поевтини опции. Нема да платите премногу за престој во пустина, а има и разни храмови, пирамиди, богата историја … Во основа, невозможно е да промашите со Египет.

Намибија

Ако ве интересираат неверојатните песочни дини, упатете се во Намибија, бидејќи во Сосувле може да ги видите најголемите дини во светот. Највисокиот врв се вика „Big Daddy“, и секој со просечна кондиција се качува на него без никакви проблеми. Импресивна е Мртвата долина, со илјада години исушени дрвја среде пустина. Се разбира, ако барате авантура, предлагаме посета на кањонот „Fish River“, кој е после Гранд Кањонот – втор по големина во светот.

Малави

Езерото Малави (исто име како и државата) нуди апсолутен мир и сонце, сè тоа без премногу гужва. Исто така е на листата на светско наследство на УНЕСКО и содржи најразновиден избор на риби во светот, така што нуркањето е чисто задоволство овде. Исто така, околу езерото има разни други животни, па затоа не е изненадувачки да се види нилски коњ, бабун, ретки птици …

Габон

Дури 80 проценти од површината на Габон е покриена со шуми, па затоа не е чудно што National Geographic ја нарекува оваа земја рај. Дефинитивно се препорачува да го посетите Националниот парк „Crystal Mountains“ кој има една од најголемите биодиверзитети во светот, вклучувајќи го и најголемиот број видови пеперутки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Наместо непотребно горење на дрва, што денес е вообичаена практика поради хиперпродукција и при која се ослободуваат штетни емисии на јаглерод диоксид во атмосферата,...

Four Seasons

Јужнокинескиот карст на почетокот звучи како евтина роба од Ebay, но не мора да биде. Во овој случај, зборуваме за нешто толку вредно и...

Fool Moon

Карл Лагерфелд, великанот на светската модна сцена, беше еден од најголемите таленти на 20 век и во исто време колекционер со ненаситна жед кога...

Green Tea

Резултатите од истражувањето се многу интересни… Врската помеѓу мирисот и уживањето во храната е јасна и одамна е документирана. Но, дали некогаш ви текнало...

Advertisement