Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Само за снаодливите: Најдраматичниот шведски парк без обележани патеки

Зимата со себе носи поларна светлина, а вие со себе – шатори и скии!

Кога говорат за тоа, Швеѓаните обично велат дека Сарек е „најдраматичниот и најграндиозниот“ од сите национални паркови. Го красат планини над 2.000 метри со речиси сто глечери. Сите заедно се пресечени со остри и долги долини и диви води.

Ова повлекува со себе едно „но“. Станува збор за парк кој е меѓу најнепристапните во Шведска. Оваа убавина бара малку труд, но не е невозможна мисија. Потребно е малку форма и добри планинарски чевли. Имено, во овој парк нема да влезете со автомобил – нема патишта, означени патеки, ниту сместување.

Паркот се наоѓа во провинцијата Лапонија во северна Скандинавија. Самиот регион е познат по народот Саами кој живее во Норвешка, Шведска, Финска и Русија. Тие често живеат поврзани со природата, па мештаните ги препознаваат како шумски Саами, планински Саами, морски Саами…

Покрај планинските врвови, можете да уживате и во долините. Најголемата долина се вика Рапа и се протега на 40 квадратни километри, а ја пресекуваат реката и нејзините притоки, што изгледа особено импресивно кога се гледа од височина.

Во кое време и да дојдете, ќе ве пречекаат неверојатни сцени. Пролетта и летото се резервирани за љубителите на сонцето, зеленилото и птиците кои во овој момент се враќаат дома. Реките и потоците набабруваат поради топењето на мразот, а ова е и сезона кога се раѓаат ирваси, па затоа треба да внимавате да не ги вознемирувате.

Летото е идеално време за љубителите на гастрономијата кои ќе имаат можност да купат свеж и миризлив домашен леб и свежа риба во живеалиштата на народот Саами. Едноставен оброк кој ќе вреди злато, особено по добра „хајка“.

Есента носи сосема нови бои и малку посвежо време. Но, многумина ќе се согласат дека не е премногу студено да се пропушти рапсодијата што доминира во шумата. А зимата? Најдолгото време ја носи поларната светлина, а вие понесете со себе – шатори и скии! Забавата е загарантирана.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement