Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Рај меѓу карпите: Шеталиште низ кањонот што води до една од најубавите плажи на Медитеранот…

Недопрената природа ја краси импресивен кањон чии карпи се протегаат низ дури 3.300 метри, а можат да бидат високи и до 200 метри.

Дали го знаете тоа чувство кога конечно тргнувате на патување кое сите го фалат, фотографираат и обожаваат и кое изгледа божествено на сликите – само за да наидете на неговата сенка? Па, тоа нема да ви се случи со Torrent de Pareis. Значи, картички, костими за капење и ранци во рака и ајде да одиме.

Прекрасна пешачка патека која води низ кањонот до плажата се наоѓа на север од најголемиот шпански остров Мајорка. Недопрената природа ја краси импресивен кањон чии карпи се протегаат низ дури 3.300 метри, а можат да бидат високи и до 200 метри.

Патеката завршува со една од најпознатите плажи на овој дел на Мајорка, област чии разновидни видови птици уживаат посебна заштита. Иако денес оваа плажа е сон на секој патник и љубител на морето, до неодамна таа беше симбол на опасност. Имено, целата област не била развиена бидејќи луѓето овде се плашеле од пиратски напади, па се држеле на безбедно растојание.

Ова прекрасно чудо на природата денес заслужено ја носи титулата споменик на природата и е сосема безбедно за посета. Зборувајќи за пирати – вреди да се напомене дека денес постои опција да се видат островот и плажата со брод (особено за оние кои можеби не сакаат пешачење и долги прошетки). Се разбира, во мирен и пријателски тон, со само една асоцијација со пирати – многу рум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Fool Moon

Поранешната бизнис менаџерка на познатиот пејач Рики Мартин (50) тврди дека поп-ѕвездата и должи нешто повеќе од милион долари, а сега поднела тужба обидувајќи...

Green Tea

Актерката, икона за убавина и креативен директор за шминка зборува за летните третмани. Гвинет Палтроу беше една од најомилените и најпопуларните актерки на холивудската...

Four Seasons

Градот на светлината е непропустлива дестинација за страсните љубители на уметноста, а причината за тоа е многу повеќе од Ајфеловата кула. Одвојте време и...

Advertisement