Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Рајот доби ново значење на Малдивите

Сместено во срцето на величествениот атол Баа, единствениот UNESCO World Biosphere резерват на Малдивите, Four Seasons Private Island Maldives at Voavah е ексклузивна дестинација за одмор, каде што најмногу 22 луѓе можат да уживаат во вистински луксуз…

Воава нуди искуство со островски живот, со гости кои престојуваат во две луксузни вили и шармантна куќа на плажа, со вкупно седум спални соби. Постои центар за нуркачи и љубители на спортови на вода, како и спа центар „Ocean of Consciousness Spa centar“, каде што секој посетител ќе може да доживее вистинска благосостојба. Во понудата, исто така е Voavah Summer, луксузна јахта долга 19 метри, што им е достапна на гостите секој ден.

Опкружен со светкави сини води на океанот, приватниот остров претставува земја на чуда на пет хектари, со беспрекорни плажи и е достапен само со морски авион. Со вашата приватна јахта и вработените обучени за сите ситуации, дури и вашите најлуди соништа за годишни одмори можат да се остварат. Замислете да уживате во крстарење на зајдисонце со делфини безгрижно да пливаат околу вас или да нуркате среде ноќ, кога ќе можете да видите ајкули и зраци од китови, веднаш до соседството.

Атолот Баа е дом на најголемата популација на раи животни во светот и исто така има еден од најживите морски екосистеми во светот. Волшебниот остров е заштитен од бесконечниот син океан, но и од безбедносен тим кој е присутен дваесет и четири часа на ден, седум дена во неделата, додека 28-члениот персонал ќе го исполни секој каприц. Овој тим од светска класа може да ви помогне во сè – може да ви понуди специјални менија, да организираат незаборавни авантури, да се грижат за вашето сместување, но и забава.

Дел од тимот се морски биолози, инструктори за нуркање и експерти за спортови на вода, експерти од Ајурведа и мајстори за јога. Спа центарот ќе ви понуди фантастични третмани, поделени во пет сегменти: Truth, Wise Action, Love, Peace i Compassion.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Иако славните личности и стабилните, долгорочните врски и бракови обично не одат рака под рака, долгите и среќни бракови исто така постојат и на...

Fool Moon

Романот „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, кој по професија беше доктор, е дефинитивно дело кое никогаш никого не остава рамнодушен. За тоа сведочи...

Green Tea

Специјалитет на познатиот британски готвач Џејми Оливер се едноставни јадења за кои не се потребни посебни кулинарски вештини. Џејми Оливер е секогаш среќен што...

Cotton Club

Иако ретко се појавува во јавноста по поразот на нејзиниот сопруг на претседателските избори, идната поранешна прва дама на Америка наскоро докажа дека е...

Advertisement