Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Одморете ги очите: 10-те најубави шуми на светот кои ќе ве воодушеват

Овие шуми се толку убави, што нема да ви се верува колку се реални. Од зачудувачки шуми на Стариот континент преку величествениот Амазон до необичната шума во Јемен…

Шварцвалд, Германија

Црна шума, односно Schwarzwald, е област во југозападна Германија, во покраината Баден-Виртемберг. Изгледа како бајка со густи борови, природни термални извори и живописни села. Легендата вели дека браќата Грим ја добиле инспирацијата да ги напишат Ивица и Марица токму тука.

Бамбусова шума Арашијама, Јапонија

Прекрасна бамбусова шума се крие во предградијата на Кјото. Иако ќе ве воодушеват сцените со шупливи дрвенести стебла кои можат да пораснат и до 30 метри во височина, доколку се најдете тука, задолжително затворете ги очите и уживајте во звукот на ветрот кој минува низ ова магично место.

Шумата Оцарета, Шпанија

Доколку се најдете во Националниот парк Горбеа во Баскија, истражете прекрасни планински пејзажи, патеки, водопади и пештери. Задолжително посетете ја прекрасната шума Оцарета (Otzarreta), која е дел од неа, и која ќе ве воодушеви со прекрасните стари дрвја и предели исполнети со мов.

Амазон, Јужна Америка

Оваа прекрасна и најголема прашума на Земјата зафаќа дури 40 проценти од Јужна Америка. Дом е на повеќе од 40.000 растителни видови и 1.300 птици. Амазон е спектакл за сите сетила, а добар дел се уште не е целосно истражен.

Олимписка национална шума, САД

Само стотина километри од Сиетл и околу 2.000 квадратни милји се наоѓа Олимписката национална шума. Оваа неверојатна шума вклучува различни пејзажи од глечерното езеро Квино преку планината Елинор до монументалните смреки Ситкан кои можат да пораснат до 100 метри во височина.

Дождовна шума Борнео

Целиот Борнео е покриен со густа прашума. Иако речиси 30 отсто од шумата е уништена на овој остров во Југоисточна Азија поради сеча и екстракција на палмово масло, еколозите работат на заштита на областа.

Долината Кокора, Колумбија

Дали знаете каде можете да најдете најмногу палми во светот? Во овој резерват кој се криел во департманот Киндио во Колумбија. Палмите изгледаат нереално покрај магливите зелени ридови и планини.

Шума Сокотра, Јемен

Во оваа прекрасна шума ќе се чувствувате како да сте на друга планета. Во Сокотра доминираат необични дрвја со змејска крв, кои се именувани по црвената течност што ја испуштаат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за...

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Four Seasons

Туристите најчесто го посетуваат во август, кога се одржува Еразмус турнирот на витези и кога може да се видат спектакуларните битки на модерните витези...

Advertisement