Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Норвешки острови кои секој треба да ги види еден ден: Рај за фотографи, велосипедисти, тркачи, љубители на природата…

Кога го разгледавме Лофотен, архипелаг кој е дел од прекрасната Норвешка, автоматски додадовме уште една работа во нашиот список. Да, не е баш едноставно да стигнете таму, локациски сместени на северозападот на Норвешка, но тие се и рај за фотографите, велосипедистите, тркачите и сите останати љубители на природата. Ова се само некои од причините зошто би било вредно да отидете во Лофотен и да поминете малку време на нив…

Поларна светлина

Да, не е ново колкумина кои сакаат да го видат овој природен феномен доаѓаат на север од Норвешка, бидејќи тоа е една од најдобрите локации за „фаќање“ на поларната светлина. Токму над овој архипелаг минува Аурора Бореалис, па шансите за фаќање на светлината се доста добри, а можно е да се види во периодот од август до април.

Планинарење

Кој е во форма ќе згреши ако не реши да пешачи до врвот Рајнбринген. Добро, нема да биде прошетка, бидејќи тоа е тричасовно напорно искачување. Самиот врв не е меѓу најголемите на архипелагот, но нуди спектакуларен поглед. Затоа, штом ќе се искачите овде, седнете и уживајте во погледите на фјордовите, ридовите…

Исто така, вреди да се оди на плажата „Хорсајд“, иако патот до неа обично води низ планините. Овде природната убавина доаѓа до израз, бидејќи се работи за плажа со бел песок опкружена со високи гранитни карпи.

Сурфање

Звучи малку неверојатно, но да, некои луѓе сакаат да сурфаат не само на убаво и топло, туку и на студено време, па овој архипелаг се етаблираше како една од најдобрите дестинации за сурфање на ветер на студено море, со океански ветар и убава глетка. Најубавото место за сурфање е „Унстад“, а бестрашните сурфери доаѓаат на островите во есен и зима, додека почетниците сепак избираат помирни летни бранови.

Фотографирање

Многумина доаѓаат овде само за да ја фотографираат убавината околу себе и да создадат вистински мали ремек-дела. Најпознатото и најфотогенично место секако е Хамној, кој со црвените куќички (колиби), ридовите во позадина и води насекаде наоколу, целосно го буди духот на Лофотен.

Плажата Скансганден е и место каде постојано ќе слушате „клик“.

Сместување

За гостите со подлабок џеб, најдобро решение е Thon Hotel Svolvaer. Тоа е прекрасен хотел и глетката додека појадувате е волшебна. Сепак, тоа си има своја цена, па тука дефинитивно нема да најдете соба за помалку од 160 евра од ноќевање.

Се разбира, можете да најдете и друго сместување, но генерално, цените за сместување на овој архипелаг не се многу популарни. Сепак, секогаш треба да ѕирнете во пространоста на различни специјализирани сајтови како booking.com или airbnb.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Four Seasons

Туристите најчесто го посетуваат во август, кога се одржува Еразмус турнирот на витези и кога може да се видат спектакуларните битки на модерните витези...

Fine Living

Талентираните архитекти на студијата MAD можат да добијат инспирација од се, дури и од портокалови портални кранови! Со новиот проект тие учествуваа на меѓународниот...

Advertisement