Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Најмалиот „град“ во Италија: Место за одмор со прекрасно морско крајбрежје кое туристите го заобиколуваат

Атрани е мал град на италијанскиот брег Амалфи за кој повеќето никогаш не чуле. Но, само еден поглед кон оваа прекрасна дестинација е доволно за да се запрашате: како така?

Сосема нетипичниот изглед на местото веќе треба да се најде на насловните страници и списоците со најубавите плажи, но Атрани успешно се крие во сенката на познатите градови во областа како што се Салерно, Амалфи или Неапол…

Малото рибарско село има помалку од илјада жители и лице кое штом еднаш го видите, никогаш не го заборавате. Две остри карпи се издигнуваат над неа, а над плажата има мост и куп шарени куќи со мала тврдина на самиот раб.

Тесните улици и малата област успеале да вдомат и жители и неколку плоштади со фонтани и стари барокни цркви од средниот век, и тврдината Торе дело Зиро… Тие го нарекуваат најмалиот град во Италија, иако технички не припаѓа на категорија на град. Но, барем звучи шармантно.

И стрмните карпи кријат две пештери: едната се вика „куќата на Масаниело“, по човек што наводно се криел од наполитанската војска, и другата „Пештера на светците“ која чува стари фрески во византиски стил од 12 век.

Самото место има малку „буцкаст шик“ изглед, што му дава посебна доза на привлечност. Историјата тука датира од самиот почеток на новата ера, кога славната ерупција на планината Везув во 79 ги уништи блиските римски градови.

И покрај сè, тука нема орди туристи или гужви дури и во сезоната. Автентичен, сладок, медитерански – и мирен. Нека остане така, па ако веќе го „резервирате“ за одмор, не кажувајте никому…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Нијанси инспирирани од птици. Dior Makeup се подготвува за претстојната есенска сезона со колекција наречена „Birds of a Feather“, која се состои од палети...

Wall Street

Многу Олимпијци, освојувачи на златни, сребрени или бронзени медали, претставуваат луѓе богати по дух, но и по пари … Како што знаете многу добро,...

Green Tea

Овесната каша е богата со диетални влакна кои го стимулираат варењето, го балансираат шеќерот во крвта и го зајакнуваат имунитетот, и се наметнува како...

Fool Moon

Стресот е толку сеприсутен во нашите животи што сме скоро навикнати на него – би било чудо ако не се нервираме кога ќе се...

Advertisement