Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Најзелениот и најсончевиот германски град: Причина повеќе да го посетите извонредниот Фрајбург

Фрајбург го красат две завидни титули – оние на најсончевиот и најзелениот град. Во 1975 година граѓаните со голем протест ја прекинаа планираната изградба на нуклеарен генератор во близина на полињата и оттогаш градот полека станува пример за „одржливост“ и пример за град кој им служи на граѓаните.

Од велосипедски патеки до комунални градини, градско собрание кое користи енергија добиена исклучиво од соларни панели и со акцентирање на локално произведената храна – овој студентски град нуди се за квалитетен и максимално здрав живот.

Возење велосипед по реката Драјсам

Целиот Фрајбург е всушност рај за велосипедистите бидејќи го красат дури 400 километри велосипедски патеки низ самиот град, но и блиските шуми и села. Бидејќи во градот има двојно повеќе велосипеди од автомобили, ви препорачуваме да седнете на еден и да се вклопите што повеќе со локалното население. Велосипеди може лесно да се изнајмуваат преку апликацијата. Посебно убава и интересна е турата на „ФРИ“ која ја следи реката Драјсам и поминува покрај градини, парк со скулптури, засолништа за животни и многу интересни улични мурали.

Возење со жичарница во Шауинсландбан

Доколку се одлучите да тргнете по најдолгата патека на жичарницата во Германија, сигурно нема да бидете разочарани. Името би се преведело како „поглед на внатрешноста“ и буквално го нуди тоа – од врвот висок 1220 метри има поглед на целиот град и околната природа, а свежиот воздух исполнет со мирис на борови дрвја е релаксирачки и пријатен.

Четириножни пријатели во Мунденхоф

Ова засолниште за животни е рај за љубителите на животни и семејства со деца. Зафаќа дури 38 хектари и е дом на околу триесет различни видови домашни животни, вклучувајќи коњи, камили и кози кои слободно шетаат на имотот. Посетителите можат да ги следат чуварите додека ги хранат животните, влезот е бесплатен, а донациите се добредојдени.

Утопиското општество Вобан

Вобан е пример за ново (драматично) ниво на „еколошка свест“. Нема автомобили, а местата за паркирање се заменети со зелени површини. Сите куќи се „нискоенергетски“ и сите користат соларни панели или греење на дрва. Продавниците и кафулињата ги истакнуваат органските опции и за време на прошетката ќе забележите бројни покривни градини, постројки за компостирање и работилници за решавање конфликти! Дали е тоа европска иднина или само утопија, времето ќе покаже.

Пиво богато со историја

Германското пиво е познато по својата чистота и вкус благодарение на „Reinheitsgebort“, древен закон кој дозволувал да се користат само четири состојки за производство на пиво: слад, хмељ, вода и квасец. Резултатот можете да го вкусите во пиварниците Гантер и Фејерлинг, кои имаат рецепти од 18 век. Тие се предводени од реномирани фамилии за производство на пиво, а исто така нудат тури со водич во кои им објаснуваат на посетителите како да ги комбинираат историските рецепти со напредната технологија. Многу посетители ќе бидат шокирани од локалниот пијалок „Weir“ кој е комбинација од пиво и вино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Даф призна дека достигнала фаза во која, денес, целосно го прифаќа своето тело и не е заинтересирана никогаш повторно да живее според холивудските стандарди...

Wall Street

Дресот што го носеше аргентинската фудбалска ѕвезда Диего Марадона кога го постигна својот познат гол „Божја рака“ за време на Светското првенство во 1986...

Green Tea

Руколата е една од најблагодарните намирници што можете да ги внесете во вашето секојдневие – се одгледува во текот на целата година, лесно се...

Wall Street

Проблеми со купувањето на мрежата Твитер – Маск објави дека одлуката ја става во мирување! Илон Маск понуди 44 милијарди за купување на Твитер...

Advertisement