Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Наследството на моќната империја во Медитеранот: Тунел стар 2000 години, што е граден со голи раце

Трагите на моќниот Рим се протегаат многу подалеку од Италија, по целиот Медитеран. Ако тргнете кон исток, покрај ориенталната архитектура и историјата на моќната Османлиска империја, можете да уживате и во римското наследство, прекрасно издание старо две илјади години, како што е тунелот Веспазијан Тит.

Античкиот тунел во турска Антиохија бил подигнат околу 1 и 2 век во подножјето на планината Нур. Изградбата траела – започнала од римскиот император Веспасијан, а ја продолжи неговиот син Тит Флавиј и неговите наследници сè додека не ја завршил царот Антонинус Пиус. Нивните имиња се врежани во карпите на тунелот.

Изграден е како систем за пренасочување на водата создадена со топењето на снегот од планините, предизвикувајќи поплавување во низините и загрозување на блиското пристаниште. Браната што ја пренасочува водата е висока 16 метри, а целиот комплекс е подолг од еден километар.

Фасцинантно е што огромниот тунел е изграден во најголем дел со голите раце на древните луѓе. Целокупната структура преживеала скоро 2000 години без оштетување, а денес сведочи за вештината на римските инженери и моќта на Римската империја.

Во близина е природна лагуна каде што се чувал дел од водата што потоа се користел во летните, суви месеци. Денес го посетуваат туристи и локални екскурзионисти, па во близина има пешачка патека, стари гробишта што можат да се посетат и локални продавници со лековити билки и масла.

Атмосферата е вистинска медитеранска – камен, грмушки, магариња, маслинови дрвја и море. Мал поток поминува низ тунелот, по кој можете да се движите.

Ако сакате да останете овде, ќе ве воодушеви фактот што во оваа тивка област нема скапи хотели, но ќе можете да најдете сместување во помали хотели и во поскромни, „домашни“ апартмани по пристапни цени.

Совршен агол на светот за патување низ времето во мир, тишина и сенка на моќни карпи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Новата месечина претставува нови почетоци, нова епоха и нови можности. Оваа година, новата месечина во јануари ќе биде во многу моќна позиција, бидејќи ова...

Cotton Club

„Зајакнувајќи и закрепнувајќи, таа ја доловува суштината на женската самодоверба.“ Gorgeous! е нов парфем на Мајкл Корс. Оваа креација е еден вид почит кон...

Cotton Club

Креативното дуо, Миучија Прада и Раф Симонс ја претставија својата прва колекција направена за модната куќа Прада. Кампањата е обоена со низа прашања во...

Fool Moon

На општо задоволство на обожавателите на култната серија Сексот и градот, излезе тизер со најавата за новата сезона, кој ќе се прикажува на ХБО...

Advertisement