Под кулата има пространа тераса со прекрасен панорамски поглед на околната природа, слеана со прекрасна средновековна архитектура и стар еврејски кварт.
Alcázar de Segovia, позната и како тврдината Segovia, е монументален средновековен замок во шпанскиот град Сеговија. Оваа величествена градба е заштитена и од УНЕСКО, а нејзината единственост лежи во фактот дека е изградена во форма на брод.
Под неговата „палуба“ се спојуваат две реки, а во позадината е заштитен со планини. Целосниот впечаток е филмски, но замокот не е создаден како атракција, туку од практични причини.
Се верува дека е изграден во почетокот на 12 век на темелите на некогашната римска тврдина. Тоа било потребно за одбрана на кралската палата, а служел и како затвор и воена академија. Со текот на времето е надградуван, особено познатата кула именувана по кралот Јован II, изградена токму од него.
Како ориенталните средновековни улички кои меандрираат и завршуваат во ќорсокак, прилагодувајќи се на нерамен терен, така и самиот замок се прилагодил на ридскиот терен. Слоевит, полн со спирални скали и на крајот на краиштата – во форма на брод чија палуба совршено се поклопува со „врвот“ во кој завршува ридот.
Брод во камен, крстарење за сиромашните, наречете го како што сакате, но тој е еден од најпознатите замоци во Шпанија што не треба да го пропуштите. Особено ако патувате за Мадрид, од каде што е на само еден час возење.