Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Меѓу топ 10 дестинации за патување во светот и езеро од нашите околини

Lonely Planet објави список на препорачани дестинации за патувања, а езерото Блед го освои шестото место.

Lonely Planet е страница специјализирана за туризам и патувања и го избра Блед, алпски град со живописно езеро и остров, меѓу 10-те најдобри дестинации кои нудат уникатни и незаборавни искуства.

Опишано е како место со природна убавина со уникатен остров со црква. „Влегувањето меѓу 10-те најдобри дестинации препорачани од еден од главните туристички медиуми за да се обезбедат незаборавни искуства е голема чест за Блед и Словенија“, рече по тој повод шефот на словенечкиот туристички одбор (СТО) Маја Пак.

Ова не е прв пат Блед или Словенија да се најдат на списокот на препорачани дестинации за „Lonely Planet“. Во 2017 година, Блед беше вклучен меѓу 10-те најдобри зимски дестинации на Инстаграм, додека во 2018 година, Словенија беше на списокот на десетте најдобри дестинации за посета во 2019 година.

Историскиот град Петра, лоциран во Јордан, е прогласен за најдобра дестинација за патување, на последната листа на неизбежни патувања на кои треба да одите во животот. Патем, градот Петра беше прогласен за едно од седумте нови светски чуда во 2017 година.

Еве го списокот избран од списанието Lonely Planet:

  1. Петра, Јордан
  2. Острови Галапагос
  3. Национален парк Улуру-Ката jута, Австралија
  4. Окаванго, речна долина, Боцвана
  5. Национален парк Јелоустоун, САД
  6. Бледско езеро, Словенија
  7. Водопади Игвасу, Аргентина-Бразил
  8. Анкор Ват, Камбоџа
  9. Салар де Ујуни, Боливија
  10. Анапурна Сиркат стаза за трекинг, Непал

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Светли бои како портокалова, тиркизна и розова, симетрија, носталгија за минатото во старите возови, телефонски штандови и заборавени сообраќајни знаци, хотели и светилници …...

Fool Moon

За разлика од другите хороскопи, бурманскиот хороскоп се потпира на денот во неделата кога сте родени наместо на годината. Астрологијата постои скоро онолку време...

Cotton Club

Креативната директорка на брендот Шанел, Вирџинија Виар, научи многу од нејзиниот учител Карл Лагерфелд, вклучително и создавање бестселер што ќе лови илјадници девојки ширум...

Four Seasons

Познатата водителка Елен Деџенерес и нејзината сопруга Порша де Роси наскоро повеќе нема да бидат соседи на принцот Хари и Меган Маркл во Монтесито,...