Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Магичната привлечност на северот

Честопати на нашите списоци со желби за идно патување се наоѓаат романтични градови кои нудат многу содржина во однос на гастрономијата, културата и шопингот или бесконечните песочни плажи на тропски остров. Но, понекогаш она што навистина ни треба за одмор е враќање кон природата и потрадиционален начин на живот. Драматичниот пејзаж на Лофотен во северна Норвешка, една од најсеверните населени области на Земјата, го одзема здивот. Стрмни планински клисури, синото море во контраст со црвени рибарски колиби и небото над отворено море се незаборавни погледи до кои не е лесно да се стигне – само од Осло ви треба авион, а потоа и возење со брод.

Архипелагот Лофотен е идеален за оние кои претпочитаат помалку асфалтирани патишта и активен одмор, бидејќи оваа дестинација нуди вистински задоволства за авантуристи. Леденото море нуди многу можности за сите оние кои се осмелуваат – освен со веслање, можно е да се нурка и со морските цицачи, а дестинацијата е исклучително популарна кај сурферите, кои понекогаш одат на брановите дури и за време на снежните бури.

Што се однесува до гастрономијата, најчеста храна е бакалар, до степен до кој неофицијалното мото на градот Хенингсваер е парафраза која гласи: „In cod we trust“. (Ние веруваме во бакаларот).

Но, најголемиот егзотизам на оваа дестинација лежи токму во спецификите на географската локација и климата. За најжешките летни денови, температурата достигнува освежувачки 17 степени. Од крајот на мај до средината на јули сонцето воопшто не заоѓа, додека од почетокот на декември до почетокот на јануари воопшто не изгрева, а во периодот од септември до март е можно да се види фантастичниот феномен на поларната светлина. Ненадмината мешавина од недопрена природа, спорт и традиционален начин на живот е причината што оваа дестинација на северот ќе се најде на списоците за идни патувања на сите љубители на уникатен празник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement