Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Како од бајка: Тиркизно швајцарско езеро со еден ужасен детаљ

Бојата на водата во езерото е скоро нереална – целосно тиркизна, а сепак проѕирна и чиста. Особено во комбинација со зеленилото на околните шуми, оваа дестинација потсетува на најубавите сцени од рекламата за Милка чоколадо…

Во западна Швајцарија, мало езеро помалку од еден хектар се наоѓа во долината Кандер. Сепак, тоа е популарна туристичка дестинација, па секако мораше да истражиме за што станува збор.

Езерото се вика Blausee, т.е. Сино езеро, и доволно е само да ги погледнете фотографиите за да разберете зошто сите сакаат да го посетат.

Бојата на водата во езерото е скоро нереална – целосно тиркизна, а сепак проѕирна и чиста. Особено во комбинација со зеленилото на околните шуми, оваа дестинација потсетува на најубавите сцени од рекламата за Милка чоколадо. Плус ќе додадете ладен и свеж планински воздух и имате совршен лековит излет.

Се снабдува со вода од мали подводни извори што понекогаш можете дури и да ги забележите додека стоите покрај езерото.

Можете, исто така, да видите скулптура на жена која гледа во небото и изгледа како да плаче изобилно (липа). Не без причина, бидејќи постои легенда поврзана со езерото, во која се вели дека тоа добило боја на очите на една жена која жалела за смртта на својот љубовник. Тој починал откако паднал од карпа, а таа плачела тука цел живот. Уште во 1998 година, уметникот Рафаел Фукс направи статуа на жена што лежи на дното на езерото, така што само главата излегува над површината.

Малку бизарна приказна во близина на една толку убава сцена, но секогаш можеме да се тешиме со фактот дека тоа е само легенда.

Совршен е за алпинисти, велосипедисти, планинари или оние кои сакаат романтично возење со брод. Нуркањето е можно од есен до пролет, па затоа ќе можете да ја видите статуата одблизу. Не замрзнува во зима, но сцената под снегот е навистина посебна.

Во близина има убав хотел и добар ресторан, па можете да се опуштите без да размислите „каде после“ и „како да се вратите пред да се стемни“.

Околните патеки се погодни за сите возрасти и не се тешки, а до езерото лесно може да се стигне со автомобил или дури и со локален автобус.

На крајот на краиштата, уверете се и може да ве инспирира на зимско романтично патување:

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Хотелот Вила Хонег е единствен бутик хотел со 5 sвездички, сместен на планините во Бергенсток кај Луцерн, Швајцарија. Овој хотел датира од 1905 година...

Route 66

Порше ја проширува листата на премиум локации за патување на кои има американски полначи за Порше Тајкан. Историскиот хотел Марк Хопкинс Интерконтинентал Сан Франциско...

Fool Moon

Ѕвездите од серијата „Чарлиевите ангели“, четириесет и шестгодишната Дру и четириесет и деветгодишната Камерон, добија огромна поддршка и виртуелен аплауз од многу жени, вклучувајќи...

Cotton Club

Модната недела во Њујорк заврши со модна ревија на Том Форд, чија колекција го одразува жешкото исчекување на ноќните излегувања. Многумина од нас сѐ...

Advertisement