Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Каква земја! 5 португалски места кои ве оставаат без здив

Лисабон, Порто, Коимбра… Сите горе-долу сме слушнале за овие португалски градови, но што е со оние мали скапоцени камења што реално ќе ги посетиме само попатно? Ова се дел од причините зошто треба да ги посетите овие мали и не толку познати дестинации на Португалија…

Тавира

Овој град се наоѓа во прилично туристички регион на Алгарве, некако го преживеа напливот на туристи и огромни гужви. Главната причина за тоа секако е неговата положба, која не е на самиот брег, туку малку во внатрешноста. Дури и ако верата не ви значи многу во животот, тешко е да останете имуни на дури 37 цркви во градот, а откако ќе посетите некои од нив, можете да уживате во еден од безбројните ресторани со морска храна.

Евора

Прекрасниот историски град е всушност музеј на отворено со споменици кои датираат од римско време. Природата е прекрасна, а наоколу се мали села во кои можете да уживате во фантастични вина. Самата Евора може да се пофали со одлични ресторани и барови, но и музеи и галерии. Градот се наоѓа во регионот Алентехо, во внатрешноста на земјата, па затоа во лето, кога живата во термометарот се искачува и до 40 степени, подобро е да не планирате посета.

Томар

Овој град е навистина скриен скапоцен камен, дом на едно од најважните упоришта на Темпларите. Овде е познатата капела „Convento de Cristo“, која беше ставена на листата на светско наследство од УНЕСКО. Задоволство е да талкате по тивките калдрмани улици на стариот град или да седите во некој од баровите на главниот плоштад со поглед на тврдините. Томар се наоѓа и во внатрешноста, а можете да го посетите ако одите од Лисабон до Коимбра или обратно.

Авеиро

Ако го посетувате Томар патувајќи од Лисабон до Коимбра, тогаш на некое подоцнежно патување во Порто, застанете и во Авеиро. Овој град, изграден на канал, понекогаш го нарекуваат и „португалска Венеција“, а во него можете да откриете југендстилски градби, но и огромни недопрени плажи. Секако, гастрономијата не заостанува, а посебна репутација имаат и разните десерти, од кои се издвојуваат „ovos moles“.

Гимараеш

Со оглед на тоа што овој град се смета за „родно место на Португалија“, зачудувачки е што не е на редовни туристички рути. Од Порто е оддалечен еден час со воз, а животот во него е, ќе забележите по пристигнувањето – прилично опуштен. Историскиот центар на градот е дел од светското наследство на УНЕСКО веќе 20 години, а овој град, кој се наоѓа на самиот север од земјата, и нема да ве разочара.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement