Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Земја како ниедна друга: 12 работи можни само во Јужна Кореја…

Децата уште од мали нозе ја учат важноста на хигиената, а четкањето на забите е особено важно. Имено, овде забите се мијат три пати на ден, секој пат по три минути после јадење.Иако обично мислиме на Јапонија кога станува збор за необични земји, има и други земји кои можат да се вклопат на нејзиното место. Една од нив е Јужна Кореја, а за почеток да речеме дека дефинитивно не ви треба Wi-Fi таму бидејќи е достапен насекаде! Но, да ги погледнеме другите 10 интересни работи од оваа далечна земја кои ги донесе порталот Brightside.

  1. Кафулиња и шатори во кои ви ја предвидуваат иднината се наоѓаат низ целата земја, што изгледа прилично бизарно.
  2. Сушито на хот-дог е прилично популарно јадење во оваа земја. Тоа е всушност стандардно суши, но се служи со сенф и кечап.
  3. Наместо да се потпираат на ѕидовите, овде луѓето метрото го чекаат на поинаков начин. Имено, овде е популарно да се чучне.
  4. Децата уште од мали ја учат важноста на хигиената, а особено е важно миењето на забите. Имено, овде забите се мијат три пати на ден, секој пат три минути после јадење.
  5. Со оглед на тоа дека Корејците понекогаш работат од утро до вечер, немојте да се изненадите ако видите продавач на пазар кој одлучува да”дремне” меѓу продажбата на овошје или бизнисмен кој спие во метро навечер.
  1. Не се сите такси исти, односно не сите зборуваат англиски во нив. За да избегнете такви ситуации, важно е да ги следите боите на такси-возилата бидејќи по нив можете да препознаете дали возачите зборуваат англиски или не.
  2. Ако овде некому му дадете тоалетна хартија, таа личност нема да се налути. Корејците едноставно сакаат практични подароци.
  3. Ако дојдете во мал ресторан и побарате мени, не се шокирајте кога келнерот ќе ви каже дека го нема. Имено, многу мали ресторани служат само едно јадење кое го вежбале до совршенство.
  4. Иако овде лудуваат по видео игри, законите се повеќе од јасни. Децата помлади од 16 години не смеат да играат видео игри од полноќ до 6 часот наутро.
  5. Иако возењето велосипед не е првото нешто што ни паѓа на памет кога зборуваме за Северна Кореја, има многу инвестиции во инфраструктурата. Патеката меѓу градовите Даеџон и Сејонг е покриена со соларни панели во должина од 32 километри!
  6. Количината на прилози, односно банчана со корејска скара зависи од статусот во кој уживаат собраните на масата. Обично се служат пет банчани, но среќниците кои ќе уживаат во ова популарно јадење заедно со, на пример, амбасадор или висок функционер, ќе можат да пробаат повеќе од 20 банчани.
  1. Популарната корејска скара користи неверојатно тенко исечено свинско, пилешко или говедско месо, кое се топи во устата, а обично се завиткува во лист салата заедно со други придружни јадења и се јаде како обвивка.

За автентична корејска скара, можеби ќе треба да патуваме во Јужна Кореја, но можеме да го рекреираме искуството на дружење и нивните вкусови во нашиот дом или на место за скара. Можеме да одиме и во блискиот Лидл за намирници, кој ја слави храната низ целиот свет, па лесно ќе можеме да ги најдеме намирниците потребни за подготовка на ова јадење. Наоружајте се со бројни придружни јадења и квалитетно месо и внесете допир на Јужна Кореја во вашиот дом.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Кајли Џенер блеска во новата кампања за очила на Dolce & Gabbana за пролет 2023 година. По стапките на нејзината сестра Ким Кардашијан, која...

Green Tea

Што се однесува до содржината на витамин Ц, кивито е далеку пред портокалот и ананасот. Покрај тоа, тој е богат со растителни влакна, кои...

Route 66

Раперот со најголема колекција на автомобили во светот има и вистинско уметничко дело во својата гаража. Снуп Дог минатата година наполни 30 години во...

Cotton Club

Не е тајна дека каде и да се појави, актерката и пејачка Џенифер Лопез секогаш е главна атракција. Познатата латино дива создаде сопствена линија...

Advertisement