Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Засекогаш прекрасниот брег на Амалфи (ФОТО)

Храна, вино, архитектура, уметност, урбанизам, дизајн, начин на живот … сите ние уживаме во Италија. И, додека чекаме поповолни времиња, ние сме инспирирани од стари (туѓи) фотографии на одмори обоени од сонце и прекрасни дестинации.

Една таква е брегот на Амалфи, кој привлекува илјадници туристи секоја година, вклучувајќи познати личности (од Џеки Кенеди, Пирс Броснан, Бредли Купер, Карли Клос, Вил Смит и Бијонсе, меѓу другите). Ова не изненадува, бидејќи брегот на Амалфи со стрмните падини и куќите во пастелна боја е на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1997 година.

Старите шеталишта кои поврзуваат места или патишта кои се извиваат низ пејзажот се одличен начин за истражување, а многу познати гости доаѓаат и на приватни јахти.

Амалфи, Равело и Позитано се најзвучните места на тој дел од крајбрежјето, нудејќи им на посетителите еден допир на кинематографски гламур (тука се снимени многу филмови) додека пијат лимончело направено од локални лимони и уживаат во италијански специјалитети.

Покрај сеќавањата и фотографиите, тие можат да земат и разнобојна керамика од Виетри.

Додека се тешиме со фотографиите, си ги замислуваме сопствените романтични филмски сцени и го ставаме брегот на Амалфи на врвот на нашата листа на идни патувања.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Трговскиот град Грантам не се појавувал во вестите толку често. Маргарет Тачер е родена таму, Исак Њутн одел на училиште таму, а во 1740...

Cotton Club

Ако спаѓате во категоријата жени „plus size“, есента е одлично време да експериментирате со модата. Повеќе облека на телото значи повеќе опции за комбинирање.Ако...

Fool Moon

Кога велиме мантра, обично мислиме на некоја реченица што треба да се повтори на неодредено време и парите магично ќе се појават во нашите...

Fool Moon

Кинеската астрологија, како и класичната западна астрологија се состои од 12 хороскопски знаци. Според кинеската астрологија, секоја година управува одреден знак, кој секогаш се...