Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Замок со мирно име и бурна историја, во една од најинтригантните земји во Европа

Каква иронија е што историјата на замокот и градот со име Мир досега воглавно се обележани војни, опсади и востанија. Замокот Мир е голем утврден комплекс именуван по градот Мир во кој се наоѓа, во една од најинтригантните земји во Европа: Белорусија.

Изграден е во 16 век во полска верзија на готска архитектура. Пет кули високи 25 метри и sидови дебели три метри го чувале утврдениот град сè додека не изумрела династијата Илиних. Потоа го презеде принц чие полско име не знаеме како да го изговориме (Mikołaj Krzysztof Radziwiłł), но имаше прекар: Сираче.

Сепак тој е одговорен за денешниот прекрасен изглед на замокот. Кога го презеде во свои раце, го претвори во прекрасна резиденција и додаде балкони, навеси и некои украси во духот на ренесансата. Зелената површина што го опкружувал просторот е претворена во елегантна англиска градина.

На почетокот на 19 век, замокот станал и сирак. Неговиот сопственик бил убиен во војната, а тој самиот бил оштетен во Битката за Мир. Поминувал од рака на рака, а во Втората светска војна сè уште го чекаа сито и решето. Ја делел истата судбината на својата земја, која го носела прекарот „држава на мали тркала“.

Прво ја преживеа советската окупација на Полска, по што следуваше германската инвазија на Советскиот сојуз во 1941 година. За време на германската окупација, тоа беше претворено во еврејско гето во кое беа приведени 800 Евреи. За време на летото 1942 година, тие организирале востание и 250 од нив успеале да избегаат. Судбината на другите е, за жал, позната.

По крајот на Втората светска војна, жителите на градот Мир, чии куќи беа уништени во конфликтите, го најдоа својот нов дом во самиот замок. Во следните 20 години, замокот беше засолниште за оние кои веќе немаа куќи, сè додека конечно не беа згрижени во 60-тите години на минатиот век.

Замокот Мир конечно најде свое место. Преживувајќи бурна историја, денес конечно живее со своето име и ги поздравува љубопитните на кого им раскажува неверојатни приказни.

Во декември 2000 година, ова „сираче“ доби и светско признание: УНЕСКО го вклучи на списокот на светско наследство во Европа.

Денес во него се случуваат весели средновековни настани, па доколку имате среќа да ја посетите „последната европска диктатура“, не заборавајте да се сетите на оваа убавина. Во близина има уреден парк и големо езеро, а од главниот град Минск е оддалечен само еден час.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Црните плажи се појавуваат на места кои некогаш имале силна вулканска активност или се во близина на сѐ уште активни вулкани. Долгите бели песочни...

Cotton Club

Иконски чанти, чевли и други детали добија летно, песочно освежување… Откако ја покажа својата најнова колекција во Шангај, Марија Грација Кири штотуку ја лансираше...

Fool Moon

Еден ден некој го праша најбогатиот човек на светот: „Дали има некој побогат на светот од тебе?“ Најбогатиот човек одговори: „Да, постои личност која...

Fine Living

Кога ќе го слушнеме Alvisi Kirimoto + Partners, првото нешто што ни паѓа на ум е ништо друго освен извонредност во архитектурата и уметност...

Advertisement