Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Дворците и резиденциите од серијата „The Crown“: Ви носиме идеи за идни патувања

Кралската драма серија „The Crown“ не поттикна да фантазираме за идните патувања во бајковити места. Додека ние поголемиот дел од времето го поминуваме во нашите четири sида, кралицата се изолира за време на пандемијата во замокот Виндзор чии раскошни сали можете да ги обиколите на виртуелна турнеја.

Бидејќи замокот Виндзор и Бакингемската палата не се достапни за снимање, креаторите на серијата „The Crown“ мораа да бидат креативни и да бараат замоци чии соби ќе ги „играат“ оние од кралските комори. Значи, повеќето сцени што се случиле во замокот Виндзор, всушност биле снимени во замокот Белвоар во Лестершир. Тој е во сопственост на војводата Рутланд уште од 11 век, а ексклузивниот апартман King’s Suite, направен за кралицата Викторија и Џорџ IV, повремено се изнајмува на AirBnB.

Внатрешноста на Бакингемската палата е илустрирана од Wilton House, замок во близина на Солсбери во Вилтшир, сопственост на грофот од Пемброк повеќе од 400 години. Некои од собите на овој замок можеби ви изгледаат познати од порано, бидејќи покрај серијата The Crown, тука беа снимени и филмовите Гордост и предрасуда, Ема и Томб Рајдер. Дали ќе се сретнеме со нашиот г. Дарси, не знаеме, но овој прекрасен имот не мотивира да ги спакуваме куферите и да подготвиме капите за долги прошетки во природа, по примерот на хероините како Џејн Остин.

Екстериерот на Бакингемската палата го замени Old Royal Naval College, централниот архитектонски објект во лондонскиот Меритајм Гринич, светско културно наследство на УНЕСКО каде, меѓу другите, беа снимени и Четирите свадби и погреб, Говорот на кралот, Les Miserables и Пиратите од Карибите .

Во серијата се прикажани голем број други замоци и цркви низ Велика Британија: магичниот Ардверикие во Шкотска, Бургли Хаус во Питербороу заменувајќи го Виндзор во серијата и Ланкастер Хаус во Лондон, кои барем засега ќе ги обиколиме виртуелно.

Ardverikie Estate
Burghley House

Додека чекаме подобри времиња, ја користиме можноста да ѕирнеме во луксузни замоци на Интернет и да составиме списоци за идни патувања каде што можеме да доживееме како е да се живее кралски. Или барем грофовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Wall Street

Иако пандемијата корона вирус практично ги уништи буџетите на многу земји во светот, некои успеаја да му одолеат, па дури и да профитираат за...

Green Tea

Овој десерт е познат подолго време во Европа, иако се појави во 30-тите години на минатиот век во САД. Сопствениците на кафулето каде што...

Fine Living

Можеби не можеме да изреновираме високи тавани и француски прозорци во нашиот сопствен стан, но има неколку трикови што можеме да ги искористиме за...

Fool Moon

Дизајнот на леопард веројатно не е првото нешто што ни паѓа на ум кога ќе ги споменеме класиците. Што и да каже некој, на...

Advertisement