Рим има и прекрасна природа која има свој „ден“ во текот на пролетта кога сите културно-историски знаменитости паѓаат во втор план.

По две години затворање и ограничувања, граѓаните и туристите на Рим во четвртокот се собраа во познатата ботаничка градина и други места за да уживаат во сезоната на цветање во главниот град на Италија.

Во римските паркови насекаде имало лалиња, цветови од цреши, божури и праски, додека градскиот пазар го исполнувале различни видови цвеќиња.

- Би ги советувала сите да дојдат овде за да поминат мирно попладне со семејството, своите девојки, пријателите. Да јадете што било во близина на езерото и да ги гледате овие бои – изјави жителката на Рим, Даниела.
Од крајот на април до средината на јуни, изобилство од 1.100 сорти рози цветаат во мноштво бои и мириси, давајќи им посебен сјај на туристите во текот на пролетта.
