Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Градина на Тарот, премин меѓу реалноста и имагинацијата

Тоскана – дестинација за сите патници кои бараат прекрасен поглед, одлична храна, вино и уметност. Покрај познатите дестинации како што се Фиренца, Пиза и Лука, каде што на секој чекор може да се најдат уметнички и архитектонски ремек – дела на готската и ренесансата уметност, Тоскана крие и некои помодерни, неверојатни уметнички дела. Во малото село Пешија Фиорентина се наоѓа парк за скулптури, Parco dei Tarocchi, на францускиот уметник Ники де Сен Фал, инспириран од езотеричниот Тарот карти и Паркот Гуел од Гауди во Барселона.

Il meraviglioso Giardino dei Tarocchi tra la collina e il mare della  Maremma toscana - Italia Notizie 24

Il Giardino dei Tarocchi – Michelangelo Buonarroti è tornato

Во 1979 година, уметникот купи парче земја и направи 22 монументални фигури од армиран бетон, покриени со мозаици од огледала и керамика, со помош на други уметници, како што се Жан Тингули и Пјер Мари Лежун, меѓу другите. Скулптурите ја претставуваат визијата на скулпторот за Големата Аркана на Тарот.

Il Giardino dei Tarocchi di Capalbio - Guida Completa

Il Giardino dei Tarocchi di Capalbio - Guida Completa

Низ некои скулптури може дури и да се прошета, а самата уметница, неколку години додека работела на скулптурите, живеела во Царицата, која наликува на сфинга, . Ники де Сен Фал (ориг. Niki de Saint Phalle) работеше на ова ремек дело од доцните 1970 -ти до нејзината смрт, а паркот е отворен за јавноста од 1998 година.

Salon 94 | Estate of Niki de Saint Phalle

Niki de Saint Phalle "Structures for Life" MoMA PS1 / New York | | Flash Art

Ова мистично место од бајките, останува да постои и по толку време, како премин помеѓу реалноста и фантазијата !

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Многу сопственици на куќи денес, барем оние што можат да дизајнираат свој дом, избираат винарски визби како една од клучните простории… Кога треба да...

Wall Street

Просторот за криптовалути сега вреди над 2 трилиони долари, и сите од производители на автомобили од висока класа до луксузни туристички компании се борат...

Fool Moon

Пинк често се смета за женствена, несериозна, нежна, романтична … но низ историјата ја носеа моќни жени кои беа незаборавни во фустани во различни...

Cotton Club

Новиот простор од 800 квадратни метри ќе го содржи најдоброто од овој бренд, вклучувајќи колекции Ready-to-Wear, чанти, чевли и додатоци. Исто така, ќе содржи...

Advertisement