Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Во подножјето на вулканот: Вака треба да изгледа првиот град на Биткоин во светот…

Биткоин Сити ќе има кружен облик како паричка, а сè во градот ќе биде посветено и инспирирано од оваа криптовалута – од станбени населби преку деловни канцеларии, музеи, кафулиња и ресторани.

На јужниот брег на Ел Салвадор во заливот Фонсека и во подножјето на вулканот Кончагуа ќе биде изградена метропола наречена Биткоин Сити или Биткоин град. Името го доби затоа што ќе биде град чија изградба ќе се финансира со оваа криптовалута.

Ел Салвадор привлече големо внимание кога, во септември 2021 година, официјално стана првата земја во светот што го воведе Биткоин како законско средство за плаќање со американскиот долар.

Мексиканското архитектонско студио Fernando Romero Enterprise е задолжено за дизајнот на концентричниот град кој се шири од централниот плоштад означен со логото на Bitcoin. Градот треба да се напојува со геотермална енергија од блискиот вулкан Кончагуа, кој исто така ќе се користи за ископ на биткоин.

Салвадорскиот претседател откри дека на врвот на вулканот ќе биде изграден видик од кој ќе се сними прекрасен поглед на градот и неговата околина. Градот треба да почне да се гради оваа година, а колку биткоин ќе се потроши за оваа авантура останува да видиме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Fool Moon

Поранешната бизнис менаџерка на познатиот пејач Рики Мартин (50) тврди дека поп-ѕвездата и должи нешто повеќе од милион долари, а сега поднела тужба обидувајќи...

Green Tea

Актерката, икона за убавина и креативен директор за шминка зборува за летните третмани. Гвинет Палтроу беше една од најомилените и најпопуларните актерки на холивудската...

Four Seasons

Градот на светлината е непропустлива дестинација за страсните љубители на уметноста, а причината за тоа е многу повеќе од Ајфеловата кула. Одвојте време и...

Advertisement