Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Величествен град каде алкохолот е поевтин од водата, а трговските центри се отворени 24/7

Ако размислувате да патувате во Јужна Кореја, овој напис треба да ја зацврсти вашата желба и да ве наведе да купите авионски билет. Пред да купите, почекајте уште малку за да се стабилизира ситуацијата во светот, а во меѓувреме уживајте во читањето на овој напис, размислувајќи за едно незаборавно патување во Сеул. Ви донесуваме неколку причини зошто треба да го изберете Сеул!

Скоро сè е отворено 0-24

Никогаш нема да биде досадно во овој град. Зошто? Бидејќи скоро сè што можете да замислите за посетителите е отворено 0-24. Мислиме ресторани, кафулиња, барови, бањи и велнес центри, па дури и трговски центри. Значи, нема грижи и размислувања за времето таму.

Ќе пробате San-nakji – жив октопод

Се прашувате за што станува збор? Не за оние со гадливост и слаб желудник. San-nakji е „сашими“ од октопод што се јаде ниту повеќе ниту помалку од суровата варијанта. За да биде приказната уште подобра, октоподот што ќе го вкусите е жив. Љубезниот персонал ќе ви сервира прибор со кои треба да ги „ловите“ живите пипци од вашата чинија, а оние кои сакаат такви бизарни работи треба да се упатат кон Noryangjin Fish маркетот.

Никогаш нема да биде ладно во рестораните

Рестораните во Сеул се познати по тоа што јадат од маси кои се исклучително ниски, но има добра причина за тоа. Вие дури нема да добиете стол, но ќе треба да седите на подот. Причината за ова е што традиционалните ресторани сè уште ја ценат традицијата на подно греење за да ве стоплат.

Некои алкохолни пијалоци се поевтини од водата

Жителите на Сеул, исклучително се заљубени во алкохолниот пијалок наречен Soju. Пијалокот има неутрален вкус и наликува на водка, но нема да ве „дрмне“ толку силно затоа што има малку алкохол. Иако, можете да го најдете во варијанти од 16 до 58% алкохол, сепак занимливо е што овој пијалок во Сеул е поевтин од водата.

Овде спа центарот е next level

Како што напишавме порано, бањите се претежно отворени 0-24 часа. Значи, ако не ви се допаѓа да спиете ноќе или ако не знаете што да правите преку ден, посетете го jimjilbang, традиционална бања во која не смеат да влегуваат луѓе од различен пол.

Значи, жените и мажите уживаат одделно, и постојат различни видови базени, масажи, сауни и заеднички спални соби. Но, пазете се, голотијата е задолжителна. Значи, нема костими за капење и крпи.

Ова се само некои од причините зошто треба да го посетите Сеул. Некои од нив се чудни на некој начин, но сепак се привлечност за патувања и истражување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Нијанси инспирирани од птици. Dior Makeup се подготвува за претстојната есенска сезона со колекција наречена „Birds of a Feather“, која се состои од палети...

Wall Street

Многу Олимпијци, освојувачи на златни, сребрени или бронзени медали, претставуваат луѓе богати по дух, но и по пари … Како што знаете многу добро,...

Green Tea

Овесната каша е богата со диетални влакна кои го стимулираат варењето, го балансираат шеќерот во крвта и го зајакнуваат имунитетот, и се наметнува како...

Fool Moon

Стресот е толку сеприсутен во нашите животи што сме скоро навикнати на него – би било чудо ако не се нервираме кога ќе се...

Advertisement