Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Бајковит одмор во срцето на швајцарските Алпи

Дали барате волшебна дестинација за одмор, да се одморите од светот и сѐ што се случува?

Со својот луксузен и модерен дизајн во исто време, хотелот 7132 е идеално место за токму тоа и се наоѓа на идилична локација, на швајцарските Алпи. Дизајнот на хотелот е потпишан од Том Мејн, еден од најпознатите архитекти во светот, кој заедно со неговиот тим го редизајнираше целото лоби. Тој успеа да создаде прекрасен контраст помеѓу полирани, бели површини со брилијантен сјај и нежни, органски линии. Очигледно, целиот хотел и сите негови ентериери комуницираат со грандиозниот пејзаж на Алпите. Хотелските соби биле дизајнирани од реномирани експерти, како што се Питер Зумтор, Кенго Кума и Тадао Андо, и секој архитект останал верен на себе кога го креирал својот дизајн. Без разлика дали се дизајнирани во современ, алпски или модерен стил, сите соби и апартмани имаат два заеднички фактори: софистицираност и луксуз.

Посетителите на хотелот ќе имаат можност да прошетаат во термалната бања, дизајнирана од Питер Зумтор. Архитектот користел повеќе од 60 000 локално снабдени кварцитни плочи, што ќе ги остави сите гости без зборови.

Покрај спа-центарот, хотелот има три ресторани и еден бар, каде готвачот Свен Васмер доби Michelin ѕвезда за неговите оригинални, рафинирани и вкусни креации. Цените на собите се движат помеѓу 340 и 2.500 евра, додека хотелот ќе ги воодушеви дури и најсложените гости – всушност, ова е единствениот хотел во Швајцарија кој има свој приватен хеликоптер!

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Светли бои како портокалова, тиркизна и розова, симетрија, носталгија за минатото во старите возови, телефонски штандови и заборавени сообраќајни знаци, хотели и светилници …...

Fool Moon

За разлика од другите хороскопи, бурманскиот хороскоп се потпира на денот во неделата кога сте родени наместо на годината. Астрологијата постои скоро онолку време...

Cotton Club

Живописен стајлинг на војвотката. На 20 октомври, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се состанаа со хероите и учесниците на фото-проектот Hold Still посветен на...

Cotton Club

Креативната директорка на брендот Шанел, Вирџинија Виар, научи многу од нејзиниот учител Карл Лагерфелд, вклучително и создавање бестселер што ќе лови илјадници девојки ширум...