Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Ангелски водопади – бисер на Латинска Америка

Според една статија на CNN, „Ангелскиот водопад е толку висок што дел од водата испарува уште пред да пристигне долу во базенот. За разлика од повеќето водопади, неговиот извор не е топењето на мраз или пак, река или езеро. Тој настанува од дождот кој доаѓа од тропските облаци.“

Националниот парк Канаима во Венецуела е едно од оние светски рекордни места што вреди да протегнете неколку чекори подалеку. Со површина од дури 30 000 квадратни километри, еднаква како една Белгија, но само втора по големина на национален парк во Венецуела (прв е Парима Тапирапеко).

Поради неверојатната убавина на природата, УНЕСКО исто така го прогласи за светско наследство. Во светот е познато по славните Ангелски водопади. Ова се највисоките (непрекинати) водопади во светот. Водата паѓа од висина од дури 979 метри и потоа ја исполнува реката Кереп.

Водопадот се руше илјадници години во т.н. Ѓаволскиот Кањон. Каква симболика – кој би помислил дека водопадите со ангелско име, прават висок пад, директно во Ѓаволскиот кањон. Ова нè води кон чести заблуди за името на водопадите…

Водопади со неправилно име?

Понекогаш можете да ги видите (погрешно) преведени како Ангелски водопади. Но, тие не беа именувани по ангел, туку по американскиот пилот Џејмс Анхел, кој во 1933 година прв прелетал над водопадите.

Тој ја пребарувал областа за злато и пронашол нешто уште повредно. Импресиониран од нивната големина, тој раскажа што видел кога се вратил дома, а неговите сведоштва се најдоа во насловните страници.

Дури во 1939 година, водопадите беа официјално именувани како Ангелски водопади, кога властите во Венецуела ја „чешлаа“ целата област и доставија стручен извештај. Џејмс (Џими) загинал како резултат на авионска несреќа во 1956 година, а неговата пепел била расфрлана на водопадите. Авионот што прелета над областа е изложен денес во музејот Сиудад Боливар.

Хуго Чавез, поранешниот претседател на Венецуела кој почина во 2013 година, предложи за неговиот мандат водопадите да се нарекуваат Керепакупаи-меро. Така е именувано според автохтоното племе Пемон кој живее таму, а во превод е „водопади што доаѓаат од најдлабокото, најскриеното место“.

Како и да го наречете, едно е сигурно – секој посетител ќе го памети ова чудо на природата до крајот на животот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement