Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Irina Shayk се колне во овој чекор од нејзината утринска рутина, а можете и вие да го направите дома

Славната 35-годишна манекенка ја сподели својата утринска рутина за убавина на Инстаграм профилот на британски Вог и откри неколку тајни за нејзиниот навистина беспрекорен изглед, а првиот чекор е – мраз.

Криотерапијата на лицето не е толку нова и има многу придобивки што ги истакнуваат козметичките експерти: го намалува отокот, ја стимулира циркулацијата, ја затегнува кожата и и дава сјај како да сме биле на свеж воздух. Ирина го прави мразот претходната ноќ од вода со краставици и камилица, и додека минува со мраз преку лицето, на шега заклучува: ‘Па ајде да се разбудиме во Русија!’

Црвенилото предизвикано од студот наскоро ќе исчезне, а после тоа, Ирина нанесува навлажнувачки крем на лицето, вратот и деколтето. Потоа, кратко го масира лицето со масажер и ја стимулира дренажата, а потоа нанесува крем во пределот околу очите. Попрскува со мист од термална вода и повторно става хидратантна крема. Додека ја подготвуваше облеката и нанесуваше малку коректор на очните капаци (т.е. на местото каде што обичните смртници имаат темни кругови), таа носи маска за усни која подоцна ја отстранува со прстите. И voilá – подготвена е за денот и изгледа совршено! Ние мора да го испробаме тоа ‘руско будење’!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Без разлика дали имате дизајнерски моден додаток како што е чевли или чанта што не изгледа многу луксузно после долгогодишно интензивно носење, или купивте...

Fool Moon

Жените родени во знакот на Бик, Близнаци и Јарец имаат неверојатен шарм, па на мажите им е многу тешко да се спротивстават. Бик Нема...

Cotton Club

Можеби 2021 година е стара само два месеци, но се чини дека ова ќе биде година кога Ела Емхоф ќе оствари многу од своите...

Cotton Club

Со несигурноста на КОВИД-19, тимот на Луј Витон ја разбира важноста на грижата за своите клиенти. Затоа, тие ги презедоа сите мерки на претпазливост...

Advertisement