Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

5 намирници кои го забрзуваат слабеењето по 40-тата година…

Покрај воспоставувањето солидна рутина за вежбање, исхраната треба да претрпи одредени корекции за побрзо топење на килограмите.

По навршувањето на 40-годишна возраст, на многу жени им е тешко да го изгубат вишокот килограми. Хормоналните промени кои ја придружуваат перименопаузата или менопаузата играат значајна улога.

Како што пренесува Newsbeast, губењето на мускулната маса кое е евидентно во тој период од животот многу го олеснува дебелеењето.

Покрај воспоставувањето солидна рутина за вежбање, треба да се направат и некои промени во исхраната за да се забрза согорувањето на мастите. Нутриционистката Лиза Јанг за Eatthis.com препорачува пет намирници што треба да ги јадете за побрзо да ги изгубите вишокот килограми кога ќе наполните 40 години.

  1. Ленено семе
    Ленот е одличен извор на омега-3 масни киселини, а исто така е многу богат со влакна. Јадењето околу 30 грама влакна дневно може да ги поддржи вашите напори за слабеење.
  2. Бобинки

Малините, капините, боровинките и рибизлите се одлични сојузници за слабеење. Додадете ги во овесна каша, јогурт или утринско смути или измешајте ги со малку мед и изедете ги за ужина.

Овошјето е богато со хранливи материи и може да промовира губење на тежината, според Medical News Today. Бобинки се богати со вода, антиоксиданси и фитохемикалии. На пример, една шолја боровинки содржи околу осум грама влакна, а истото количество малини содржи 9,8 грама влакна.

  1. Авокадо
    Покрај високата содржина на вода, овошјето содржи влакна кои не се калорични, а авокадото, кое технички му припаѓа на овошјето, не е исклучок, наведува „Nutritionfackt.org“.

Оние кои јадат авокадо, исто така, консумираат повеќе овошје и зеленчук, а помалку храна што содржи додаден шеќер. Студијата од 2013 година објавена во Nutritional Journal покажа дека луѓето кои јаделе половина авокадо за време на ручекот не чувствувале глад во следните три до пет часа.

  1. Јаткасти плодови и семиња
    Кога ги консумирате во умерени количини, јаткастите плодови и семките се исклучително здрава и лесна закуска која совршено се вклопува во вашата исхрана. Тие содржат влакна, протеини и здрави масти.

Нутриционистите препорачуваат како дел од исхраната да се консумираат ореви, бадеми, лешници, тилчец и семки од сончоглед, што доведува до топење на масните наслаги и губење на вишокот килограми.

  1. Кисела зелка
  • Оваа вкусна храна содржи и пробиотици и пребиотици – објаснува нутриционистката Лиза Јанг.

Кисела зелка не содржи многу калории, а исто така е полна со растителни влакна, кои промовираат чувство на ситост. Покрај тоа, пробиотиците кои ги содржи кисела зелка може да ја намалат апсорпцијата на мастите.

  1. Кисела зелка
  • Оваа вкусна храна содржи и пробиотици и пребиотици – објаснува нутриционистката Лиза Јанг.

Кисела зелка не содржи многу калории, а исто така е полна со растителни влакна, кои промовираат чувство на ситост. Покрај тоа, пробиотиците кои ги содржи кисела зелка може да ја намалат апсорпцијата на мастите.

Ако ја вклучите киселата зелка во исхраната, не само што побрзо ќе го изгубите вишокот килограми, туку и во организмот ќе внесете клучни хранливи материи како железо, фолна киселина, витамин Ц, манган, бакар и калиум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Пејачката Лана Дел Реј беше уловена од папараците на плажа во Рио де Жанеиро, а во преден план е нејзиниот изглед кој многу се...

Green Tea

Ако сте работеле неуморно цел живот за да станете еден од најбогатите луѓе на планетата, ќе ви биде простено што сакате да забавите, да...

Cotton Club

Познатата оскаровка Џесика Честејн изгледаше одлично пред студиото на NBC во Њујорк. За снимањето на Today Show, 46-годишната актерка се одлучи за комбинација на...

Fool Moon

Познатиот холивудски актер и заводник Ал Пачино чека дете со својата девојка Нур Алфала, која е во осмиот месец од бременоста. Оскаровецот (83) и...

Advertisement