Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

5 клучни работи: Што се случува во вашето тело ако пиете зелен или црн чај секој ден?

Чајот е идеален топол пијалок за студените есенски или зимски денови, па доколку го пиете секој ден, обрнете внимание на следниве работи…

Чајот е еден од најпопуларните пијалоци во светот, па луѓето често го пијат наутро наместо кафе за да ги разбудат, попладне со ужина или навечер за да се релаксираат пред спиење.

Нутриционистите се согласуваат дека пиењето чај секој ден е една од навиките што може да има бројни здравствени придобивки.

Меѓутоа, што се случува во вашето тело ако пиете зелен или црн чај секој ден?

Ќе добиете повеќе фитонутриенти

Чаевите се богати со хранливи материи кои многу други пијалоци како кафето не ги содржат. Сепак, чаевите содржат различни фитохемикалии и фитонутриенти бидејќи се направени од различни видови растенија.

Тоа се хранливи материи во растенијата кои произведуваат одредена биолошка активност и помагаат да се зачува здравјето на луѓето на многу различни начини, на пример преку антиоксиданти, во форма на борба против одредени алергии, намалување на ризикот од некои видови на рак и борба против стареењето.

Забрзување на метаболизмот

Одредени чаеви се наменети да го забрзаат метаболизмот и да го вратат во рамнотежа.

Истражувањата докажаа дека во тоа е особено ефикасен зелениот чај, познат по исклучително позитивното влијание врз здравјето, што е директно поврзано со регулирање на нивото на гликоза и контрола на телесната тежина.

Помалку воспалителни процеси во телото

Чајот е познат по своите антивоспалителни својства, а тоа особено може да се почувствува ако го пиете секој ден, особено зелениот или црниот чај.

А истражувањата потврдија дека консумирањето зелен и црн чај може да има огромен ефект врз намалувањето на воспалението во црвените крвни зрнца.

Луѓето кои страдаат од лупус, кои консумирале зелен чај дневно во текот на 12 недели, ги намалувале воспалителните процеси во телото, покажало истражувањето.

Почесто ќе одите во тоалет

Некои видови чаеви поттикнуваат често одење во тоалетот, а диуретичното дејство е особено забележливо со чајот од глуварче, зелениот чај, чајот од јачмен и чајот од хибискус.

Чајот со диуретични својства често се препорачува за луѓе со проблеми со бубрезите, дијабетес или одредени проблеми со срцето.

Сепак, се препорачува ваквите чаеви да не се конзумираат по 16 часот токму поради диуретичното дејство кое може да резултира со целоноќно одење во тоалет.

Полесно ќе ја контролирате телесната тежина

Бројни студии го докажале позитивното влијание на секојдневното консумирање зелен чај врз одржувањето на здрава телесна тежина.

Учесниците во истражувањето, кое траело 12 недели, забележале значително губење на тежината и масно ткиво во пределот на желудникот со секојдневно консумирање зелен чај.

Зелениот чај нормално го зголемува нивото на енергија, го контролира метаболизмот и помага во производството на липиди, па затоа се смета за најдобар пијалок доколку сакате да изгубите тежина.

Дали има некои несакани ефекти од пиењето чај секој ден?

Според истражувањата, пиењето чај секој ден нема никакви несакани ефекти, единствена препорака е да се ограничи конзумирањето на максимум три шолји дневно.

Исто така, треба да избегнувате да пиете чај премногу доцна во текот на денот ако содржи кофеин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Добро утро!” – оваа реченица не е без причина. Ако добро го започнеме денот, голема е веројатноста дека и остатокот од денот ќе биде...

Cotton Club

Во Мајами, Флорида, се одржа светската премиера на филмот „Магичен Мајк: Последниот танц“. Во тој град, познат по забавите и незаборавните ноќи, се одвива...

Wall Street

Ким Кардашијан конечно беше таа што ја направи победничката понуда за парче редок накит со дијаманти, кое беше продадено од аукциската куќа Sotheby’s на...

Route 66

Ова е најмоќниот производствен Aston Martin досега, и најбрзиот DBS досега. Достапен во Coupe и Volante форма, DBS770 Ultimate ќе се произведува во строго...

Advertisement