Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

3 здрави пијалоци кои ги регулираат хормоните: Секоја жена мора да знае за овој природен лек!

Постојат природни препарати за регулација на хормоните, а ова се само дел од нив.

Кога мислите на хормоналното здравје, што прво ви паѓа на ум? Апчиња? Не ви требаат, бидејќи постојат ефективни природни лекови!

Темата за балансирано хормонално здравје станува се поактуелна со текот на годините. Следат скапите лекови и бескрајните консултации со гинеколог. Веднаш обидете се да ја спречите потребата од лекови кои ги регулираат хормоналните промени, кои се јавуваат со текот на времето!

Еве три природни рецепти кои го стабилизираат лачењето на хормоните:

Топла вода со лимон
Топлата вода со лимон придонесува за слабеење, ги отстранува токсините од телото, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето. Причината за тоа е што лимонот влијае на хормонот на ситост – лептин. Ако лептинот не е во рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се избегне дехидрација и го подобрува варењето.

Рецептот е многу едноставен: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте го одеднаш. Утрото подобро ќе го започнете со овој напиток.

Чај од листови од малина
Листовите од малина долго време се користат за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдија дека ова растение поволно делува на работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста немаат потешкотии за време на породувањето.

Рецептот е исто така едноставен: една супена лажица листови од малина (може да се користат и сушат) прелијте со 200 мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Не пијте го овој чај пред спиење, подобар е во текот на денот.

Златно млеко
Златното млеко го подобрува имунитетот и го балансира нивото на хормони во организмот. Овој пијалок загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувачи кои се корисна комбинација за регулација на хормоните и генерално благотворно делуваат на организмот.

Ајурведата ја смета куркумата за активен зачин, кој ја подобрува циркулацијата и метаболизмот на естрогенот.

Рецепт: во 200 мл врело млеко додадете половина лажичка куркума и една лажичка кокосово масло. Можете исто така да додадете мед по вкус. Овој пијалок е подобро да се пие навечер.
Препорачуваме утрото да го започнете со топла вода со лимон, во текот на денот да пиете чај од малини, а пред спиење да се почестите со топло златно млеко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Даф призна дека достигнала фаза во која, денес, целосно го прифаќа своето тело и не е заинтересирана никогаш повторно да живее според холивудските стандарди...

Wall Street

Дресот што го носеше аргентинската фудбалска ѕвезда Диего Марадона кога го постигна својот познат гол „Божја рака“ за време на Светското првенство во 1986...

Green Tea

Руколата е една од најблагодарните намирници што можете да ги внесете во вашето секојдневие – се одгледува во текот на целата година, лесно се...

Wall Street

Проблеми со купувањето на мрежата Твитер – Маск објави дека одлуката ја става во мирување! Илон Маск понуди 44 милијарди за купување на Твитер...

Advertisement