Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

2 намирници кои сите ги имаме во фрижидерот што го уништуваат црниот дроб: предизвикуваат опасни болести без симптоми, дури и кај оние кои не пијат

Нутриционистите предупредуваат дека свежото месо и друга храна што секој ја има во фрижидер предизвикува замастен црн дроб.

Заболувањето на замастен црн дроб има два облика, едната ги погодува луѓето кои прекумерно консумираат алкохол, но другата форма може да се појави и кај луѓе кои не пијат, а за се е виновна исхраната.

Безалкохолното масно заболување на црниот дроб значи дека мастите се наталожиле во црниот дроб и ги загрозуваат неговите функции, а една храна е особено фатална за овој важен орган во телото.

Црвеното месо може да го зголеми ризикот од безалкохолни масни заболувања на црниот дроб, се вели во студијата објавена во списанието „Clinical Nutrition“.

Студијата опфатила податоци од дури 78.000 жени собрани во текот на две децении и открила дека оние жени кои јаделе месо само еднаш неделно имале многу помал ризик од оваа болест.

Жените кои јаделе црвено месо неколку пати неделно, па дури и секој ден, биле изложени на далеку поголем ризик од заболување на замастен црн дроб.

Нутриционистите и лекарите предупредуваат и дека не е важно во каква форма го консумирате месото. Свежото месо носи помал ризик од преработеното месо, како што е сувото месо.

Содржат многу лоши состојки кои го ослабуваат имунитетот и го зголемуваат ризикот од хронични заболувања.

„Потребни се повеќе студии за да се утврди точната врска помеѓу црвеното месо, месните производи и заболувањето на црниот дроб. Но, би ги советувал сите да јадат повеќе растителни протеини, помалку рафинирани јаглехидрати и да го третираат месото како колач – да го јадат само од време на време. “, изјави диететичарот Кристин Киркпатрик.

Безалкохолното масно заболување на црниот дроб обично не дава никакви симптоми додека не напредува, па доколку сте загрижени консултирајте се со лекар.

Неколку предупредувачки сигнали се хронична исцрпеност и болка во горниот десен дел на абдоменот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Има голема разлика во годините меѓу овие познати парови, но иако се на мета на секојдневни критики, нивната љубов нема граници. Големата разлика во...

Green Tea

Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за...

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Advertisement