Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Џенифер Анистон го пие овој пијалок секое утро на празен стомак: Чудесен сок од 1 намирница за здравје, слабеење и витка линија

Актерката Џенифер Анистон вежба јога со години и тоа е нејзината омилена физичка активност.

Во некои од своите интервјуа, актерката истакнува дека повремениот пост и секојдневниот тренинг се одговорни за нејзиното затегнато тело и витката фигура, а нејзините омилени јога асани се поза на дрвото и воинот III.

Нејзиниот утрински ритуал се состои и од уживање во шолја кафе, но пред да ја испие својата доза кофеин, Џенифер пие едноставен, здрав и детоксикациски пијалок.

Сокот од дршки од целер е водечки тренд на велнес со години, а овој зелен пијалок стана уште позастапен во исхраната кога авторот и медицинскиот медиум Ентони Вилијам објави книга наречена „Сок од целер“ во која ги истакнува сите придобивки на исцедениот сок од оваа лековита билка.

Нутриционистите истакнуваат дека сокот од целер дршките има бројни здравствени придобивки, а најважно е дека овој напиток е природен детоксикатор на организмот кој го чисти организмот од токсини и лоши материи.

Искуството покажува дека сокот од целер може да го намали ризикот од воспалителни процеси во организмот, богат е со витамин К, кој овозможува таложење на калциум во коските, го регулира и намалува крвниот притисок, го подобрува имунитетот и има корисен ефект врз кожата.

Може да помогне и во процесот на слабеење затоа што е природен диуретик, помага да се исфрли вишокот течност од организмот, но има и позитивен ефект врз варењето на храната. Сокот од целер ја подобрува хлороводородната киселина во организмот, која е одговорна за нормалното функционирање на дигестивниот систем.

Искуството покажува дека една чаша сок од целер на празен стомак може да го регулира апетитот, да ја намали желбата за слатки, но и да ви даде голема доза на енергија за да го започнете денот.

Рецепт за сок од целер дршки

Измијте 220 гр стебленца од целер, исчистете ги и исецкајте, па ставете во соковник или блендер и додадете малку вода. Додавате количина на вода во зависност од тоа дали сакате повеќе течност или кашест пијалок.

Препорачливо е да пиете 1 чаша сок од целер наутро на празен стомак, пред кафе и појадок.

Доколку сакате да го збогатите вкусот на овој пијалок, можете да додадете морков, банана или јаболко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Црните плажи се појавуваат на места кои некогаш имале силна вулканска активност или се во близина на сѐ уште активни вулкани. Долгите бели песочни...

Cotton Club

Иконски чанти, чевли и други детали добија летно, песочно освежување… Откако ја покажа својата најнова колекција во Шангај, Марија Грација Кири штотуку ја лансираше...

Fool Moon

Еден ден некој го праша најбогатиот човек на светот: „Дали има некој побогат на светот од тебе?“ Најбогатиот човек одговори: „Да, постои личност која...

Fine Living

Кога ќе го слушнеме Alvisi Kirimoto + Partners, првото нешто што ни паѓа на ум е ништо друго освен извонредност во архитектурата и уметност...

Advertisement