Оваа кремаста торта е вистинскиот избор, кога сакате нешто слатко, или ако имате гости.
Брзо се подготвува и вкусот ќе ве воодушеви.
Состојки:
- 4 јајца
- 150гр шеќер
- малку сол
- 200 гр црно чоколадо
- 150 гр маргарин
- 4 лажици брашно
- вреќа прашок за пециво
- кора од 1 портокал
- 400гр чоколадо
- 500 мл слатка павлака

Подготовка:
Одделете ги жолчките и белките. Измешајте ги жолчките со шеќерот, а во друг сад со миксер изматете ги белките и со пената.
Во сад растопете 200 грама чоколадо со 150 грама маргарин, а потоа истурете го во садот во кој се мешаат жолчките и шеќерот. Потоа додадете четири лажици брашно и измешајте.
Постепено додајте ги изматените белки во оваа смеса и лесно измешајте со шпатула, а потоа додадете рендана кора од еден портокал. Сето ова добро измешајте го и истурете го во плех за печење, или калап што претходно ќе го покриете со хартија за печење.
Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу половина час.
Во меѓувреме, стопете 400 грама чоколадо и 500 милилитри слатка павлака.
Кога колачот ќе се испече, извадете го малку да се излади, па прелијте го со стопено чоколадо и павлака. Оставете го во фрижидер неколку часа да се стегне, а потоа исечете го и послужете го.