Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Што предизвикува испукани усни и како да ги негуваме?

Стигнаа постудени денови, а со нив и сезонски сет на естетски проблеми – испукани усни. Покрај тоа што нѐ вознемирува појавата на суви усни, тие можат да бидат прилично непријатен проблем како резултат на чувството на затегнатост и грубост на допир. И иако најчеста причина е студениот воздух, тој не е единствениот.

Храна или козметички производи чии состојки можат да предизвикаат алергиски реакции, недостаток на некои витамини и недоволен внес на течности, односно дехидрација се исто така можни причини. За да им помогнат на испуканите и суви усни, експертите за козметика препорачуваат пред сè хидратација, не само однадвор, туку и одвнатре, затоа пребројте ги чашите вода што ги пиете дневно. И, не заборавајте да престанете да гризете и да ги лижете усните! И, се разбира, помагаат и балсамите за усни, особено оние што содржат масла, шеа путер и церамиди.

Меѓутоа, ако не забележите дека ситуацијата е подобрена дури и по две недели редовна употреба на мелем и внимателна хидратација, консултирајте се со вашиот лекар или дерматолог, бидејќи испуканите усни може да укажат на реакција на некои лекови, автоимуна болест или инфекција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Ф ановите со нетрпение го очекуваат продолжението на култната серија на ХБО Макс „Сексот и градот“. Така, според „Дејли мејл“, наместо Саманта (Ким Катрал...

Fool Moon

Лејди Гага е една од оние музичари од светската музичка сцена која нема што не направила – плејада хитови, го освои Златниот глобус, неколку...

Cotton Club

Модниот бренд Miu Miu претстави кампања за пролет / лето 2021 година, што претставува заедница на неконформисти со жива личност. Миучија Прада реши да...

Cotton Club

Џо Бајден положи заклетва како 46-ти американски претседател на Соединетите Држави на церемонија во Вашингтон. Пред него се заколна и Камала Харис, првата потпретседателка...

Advertisement