Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Шокантни промени: Што се случува во телото во периодот од 30 минути до 15 години по откажувањето од цигарите

Дополнителна мотивација да се откажете од пушењето!

Пушачкиот слуз, постојаното останување без здив и облеката што мириса на скара не се доволни мотиви да се откажете од пушењето, неколку интересни факти за вашето здравје можат да помогнат.

Сите пушачи знаат колку нивната страст за цигарите е штетна за нивното здравје, но тоа не ги спречува да бидат робови на никотинот.

А како дополнителна мотивација за евентуално откажување од пушење наведуваме како лекарите опишуваат што се случува во нашето тело по откажувањето од пушењето.

20-30 минути – крвниот притисок и отчукувањата на срцето се намалуваат, а рацете и стапалата се загреваат.

8 часа – нивото на јаглерод моноксид во крвта се намалува, а нивото на кислород се зголемува.

48 часа – сетилата за вкус и мирис почнуваат да функционираат подобро.

72 часа – бронхијалните цевки се релаксираат.

2 недели до 3 месеци – циркулацијата на крвта е подобра и посилна, како и функцијата на белите дробови.

1 до 9 месеци – кашлицата и конгестија на синусите се намалуваат. Белите дробови полесно ослободуваат слуз, почисти се и затоа се намалува можноста за зараза и телото има повеќе енергија.

1 година – ризикот од срцеви заболувања е двојно помал отколку кај пушачите.

5 години – ризикот од мозочен удар и рак на матката станува ист како кај непушачите, а ризикот од рак на усната шуплина, грлото и простатата е двојно помал од претходно.

10 години – ризикот од рак на белите дробови е двојно помал отколку кај пушачите, а ризикот од рак на панкреасот е ист како кај непушачите.

15 години – ризикот од срцеви заболувања и смрт е ист како кај непушачите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement