Што да спакувате во кутија за ручек, освен јаболка и банани, и бидете сигурни дека вашето дете – за време на училиште – ќе јаде сè? Одговорот е прилично едноставен: направете му сочни сендвичи од здрави намирници (а на вашето дете шепнете му на увото дека неговиот омилен суперхерој од цртаниот филм ја јаде оваа здрава закуска)!
Сендвич со пршута и чери домати
Состојки за правење супер сендвичи за ученици: неколку лисја од пршута, марула или лисја од рукола, чери домат, путер, сол, бибер, маслинки, сок од четвртина лимон, интегрален мафин.
Совет плус: Наместо мајонез, зачинете го сендвичот со лимонов сок, а наместо нездрав кечап користете чери домати!
Димени закуски
На кратко време тостирајте парче леб од леќа, прелијте со две или три капки маслиново масло и над него ставете лист димен лосос зачинет со сол, бибер и сок од лимон. Одличен избор за закуска за малите гурмани!
Говедско месо за силни мускули
Варено или димено говедско месо како основна состојка за здрав детски сендвич? Апсолутно!
На кришка ‘ржан леб нанесете малку путер. Во посебен сад, комбинирајте лажица кисела павлака со гранче рендан рен и сок од половина лимон, а потоа додадете малку сол и бибер. Овој прелив ќе му даде посебна арома на сендвичот. Ставете неколку лисја рукола на путерот, прелијте го со направениот прелив (за храбрите – може да додадете и малку сенф), над салатаа ставете го говедското месо и зачинете со преостанатиот прелив и рукола.
Сендвич за проникливи гурмани
Многу деца не сакаат сирења – особено не смрдливите. Послужете му на вашето дете сендвич со сирење и јаболко и сигурни сме дека ќе се предомисли.
На половина чијабата (со маслинки) ставете бри сирење, а потоа посипете сецкани ореви и парчиња јаболка. Закуски за прибирливите гурмани се спремни за lunchbox.