Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ХАЛИ БЕРИ ИЗГЛЕДА ДВОЈНО ПОМЛАДО ВО 6-ТА ДЕЦЕНИЈА: Исклучила само 3 намирници, а ова е диетата на која се должи нејзината врвна форма…

Хали Бери во шестата деценија има линија на која би и позавиделе жените двојно помлади од неа, а ја откри тајната на својот изглед.

Актерката Хали Бери е како вино, колку повеќе старее, толку подобро изгледа. Таа дефинитивно е една од најатрактивните актерки, а на нејзиниот изглед на 55 години и позавидуваат многу помлади жени.

Хали има неверојатна фигура, а тајната на својот изглед не ја крие од јавноста – смета дека клучот за успехот е здравата исхрана и редовните тренинзи.

Актерката отсекогаш била поддржувач на здрав живот и редовна физичка активност, па не е чудно што верува дека храната што ја јадеме е многу важен дел од нашиот животен стил.

Таа направи важни промени во исхраната откако на 22-годишна возраст и беше дијагностициран дијабетес. Поради болеста, актерката лесно се збогуваше со многу намирници, а некои од нив се:

Шеќер

  • Во раните дваесетти години, непосредно пред да ми биде дијагностициран дијабетес, бев зависник од шеќер. Денот го започнав со слатки снегулки и разни видови корнфлекс, по што се засладував со бонбони. Постојано бев под влијание на шеќерот – изјавила Хали Бери.

Откако дознала за својата болест, свртела нов лист и ги исфрлила слатките и десертите од исхраната и го намалила внесот на овошје. Првите неколку недели не и биле лесни, еднаш признала дека во тој период чувствувала силни главоболки и промени во расположението, но по три недели желбата за слатко исчезнала, а вкусот целосно и се променил, како и целосното здравје.

Јаглехидрати

  • Се откажав од оризот, дури и интегралниот, тестенините и лебот и можам да ви кажам дека никогаш не сум зажалила. Научив многу и за кето диетата и ги заменив сите висококалорични намирници со нивните поздрави алтернативи – изјави Бери.

Наместо пире, актерката јаде карфиол со путер, а еднаш признала дека не ја ни чувствува разликата во вкусот. Својата некогаш омилена паста ја заменила со тестенини од тиквички, па успева да ужива во секој оброк, но со својот нов вкус.

Вино

  • Отсекогаш сум го сакала виното, па тешко ме погоди и фактот дека треба да му најдам алтернатива. Сепак, бев многу среќна што открив нешто како органско, биодинамично вино без шеќер и хемикалии – додаде Хали.

Овие вина не содржат многу шеќер, па дури и нивниот процент на алкохол е многу помал. На актерката и требаше време да се навикне на овој вкус, но денес тие и се еден од омилените пијалоци.

На што се базира нејзината исхрана?

Сепак, многумина повеќе ги интересира што има на нејзиното дневно мени, а во продолжение дознајте неколку примери.

Го прескокнува појадокот и наместо тоа пие чаша свежо исцедена лимонада и кафе со малку кокосово масло.

По овој ритуал, Хали е подготвена за вежбање. Таа тренира пет дена во неделата од час до час и половина дневно.

Нејзиниот прв оброк е помеѓу 12 и 14 часот, а последниот оброк е околу 21 часот, бидејќи е поддржувач на методот 16:8, според кој пости 16 часа, а јаде осум.

Тој оброк обично е веднаш после тренинг и се состои од пилешко со многу зеленчук, како спанаќ или кељ, или неколку јајца.

  • Јадам многу свеж зеленчук, пилешко, свежа риба и тестенини. Го избегнувам црвеното месо и го намалив внесот на овошје, бидејќи содржи многу шеќер – објаснила Хали.

Во текот на денот грицка овошје и зеленчук. Таа претпочита суров, органски зеленчук, како што се парчиња целер и краставици. Што се однесува до овошјето, нејзиниот избор се боровинки, јагоди, малини и капини или авокадо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Добро утро!” – оваа реченица не е без причина. Ако добро го започнеме денот, голема е веројатноста дека и остатокот од денот ќе биде...

Cotton Club

Во Мајами, Флорида, се одржа светската премиера на филмот „Магичен Мајк: Последниот танц“. Во тој град, познат по забавите и незаборавните ноќи, се одвива...

Wall Street

Ким Кардашијан конечно беше таа што ја направи победничката понуда за парче редок накит со дијаманти, кое беше продадено од аукциската куќа Sotheby’s на...

Route 66

Ова е најмоќниот производствен Aston Martin досега, и најбрзиот DBS досега. Достапен во Coupe и Volante форма, DBS770 Ultimate ќе се произведува во строго...

Advertisement