Пролетта е време од годината кога пазарните тезги и полиците на продавниците стануваат преполни со разновидни вкусни овошја и зеленчук.
За време на студените месеци има многу кои „стават“ некој килограм вишок, а летото полека се ближи.
Ако барате храна која ви помага да изгубите тежина, тогаш сте на вистинското место.
За вас ги избравме трите топ-пролетни намирници кои се одлични сојузници во борбата против вишокот килограми.
- Јагоди
Ова слатко овошје е направено за уживање, а воедно може да биде одлично и за слабеење. Едно истражување потврдило дека луѓето кои јадат осум грама повеќе влакна губат половина килограм на 1.000 внесени калории. Јагодите се полни со влакна, па можете да ги јадете секој ден. - Печурки
Освен што се полни со протеини, печурките ги содржат и мастите што ги има црвеното месо. Истражувањата покажаа дека ако јадете порција печурки, ќе бидете сити како да сте јаделе порција месо. - Марула
Салатата е полна со вода, што помага што побрзо да се заситите, па ако ја јадете пред главното јадење, ќе јадете малку помалку и затоа нема да се здебелите.
Дополнително, нутриционистите препорачуваат ручекот да го започнете со салата, бидејќи на тој начин нема да ви скокне шеќерот во крвта, што е од големо значење за превенција од преддијабетес и отпорност на инсулин.
Доколку не сакате салата, истото ќе го постигнете со конзумирање на супа од зеленчук, пишува “Eatingwell”.