Добар е за бубрезите, но и за очите.
Киви плодот се смета како едно од најомиленoто тропско овошје. Повеќето луѓе сакаат да го консумираат свежо, а често го има во колачи.
Сепак, одличен е за здравјето да пиете сок од киви.
Ќе ви обезбеди голема количина калиум и растителни влакна, а исто така може да ве заштити од развој на срцеви заболувања. Треба да бидете внимателни со дневната количина на сок од киви.
Она што не треба да го правите е да пиете повеќе од една до две чаши сок што сте го разредиле со вода, бидејќи може да се појават алергии на киви.
Сокот од киви е одличен лек за оние кои имаат проблем со песок во бубрезите и жолчката.
Спречува кардиоваскуларни заболувања, спречува појава на тромби и згрутчување на крвта, го намалува ризикот од мозочен удар, ја штити виталноста на клетките, поволно делува на видот и спречува болести на окото (катаракта, дивертикулоза, конјунктивитис).
Исто така, го стимулира закрепнувањето на организмот, ја штити ДНК од штетните ефекти на слободните радикали, силно го детоксицира телото, го подобрува имунитетот и спречува формирање на масни наслаги.