Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

СИН НА ПОЗНАТ АКТЕР ИМА ПОЛОВИНА ТЕЖИНА БЛАГОДАРЕНИЕ НА СПЕЦИЈАЛНИОТ РЕЖИМ НА ДИЕТА: За 12 месеци направи драстична промена…

Синот на актерската легенда Арнолд Шварценегер драстично ослабе. Кристофер долги години се бори со вишокот килограми, а сега покажа неверојатни резултати.

Кристофер Шварценегер се појави на роденденот на својот брат и изненади со својот изглед. Имено, долги години имал проблем со вишокот килограми, а новите фотографии покажале дека успеал да си го доведе телото во ред.

Синот на Арнолд Шварценегер бил на строг режим кој вклучувал корекција на исхрана и тренинзи, а резултатите не изостанале. На 24-годишниот Кристофер му требаше една година за да ги постигне овие резултати.

“Тој си постави цел да живее поздрав живот и се држеше до тоа. Почна да вежба и да избира поквалитетна храна. Пред тоа живееше како типичен студент неколку години, но сега расте и е подготвен да се грижи за себе.Не беше на кратка диета, туку ослабе на старомоден начин со намалување на брзата храна и вежбање“, открил извор близок до него во интервју за HollywoodLife.

Неговото семејство му даде безрезервна поддршка на патот до целта, а минатата година по повод неговиот 24 роденден се огласија најблиските кои го мотивираа да ја продолжи борбата со килограмите.

„Помеѓу часовите по бокс, кревање тегови, истегнување, возење велосипед и слично, не можам ни да бидам во чекор со вас“, рече тогаш Арнолд.

За разлика од него, познатиот актер Арнолд Шварценегер отсекогаш имал извајано тело благодарение на кое изградил многу успешна кариера.

Кристофер има две постари сестри, Кетрин (31) и Кристина (30), брат Патрик (27) и полубрат Џозеф Баена, кој е на негова возраст и кого Арнолд го имал во вонбрачна врска со дадилката на неговите деца во тоа време Милдред. Интересно е и тоа што Џозеф најмногу личи на него од сите деца, но и Кристофер сега повеќе од кога било.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Најстариот син на Николас Кејџ изгледа сосема поинаку од неговиот славен татко, но се чини дека имаат заедничка слабост кон жените… Вестон Кејџ Копола...

Cotton Club

Кајли Џенер (25) деновиве е во Париз и ревносно ја следи Модната недела, но модните трендови ги диктира само она. Кајли Џенер на модната...

Fool Moon

Познатата двојка неодамна се раздели, а сега за прв пат беа фотографирани заедно на натпревар кој го играше нивниот син.Познатата пејачка Шакира и нејзиниот...

Cotton Club

Актерката Сара Џесика Паркер е позната по својот женствен и смел стил на облекување, а нејзината гардероба изобилува со константни парчиња од кои не...

Advertisement