Палачинките се едни од најомилените десерти за многумина, па затоа интересните рецепти никогаш не се доволни. Доколку сакате нешто со овошен вкус, ќе ве воодушеви оваа вкусна варијанта со јаболка.
Палачинките не се тешки за подготовка, дури и најмладите ги обожаваат, а вкусни се без оглед дали ќе ги наполните со сирење, џем, нутела …
Потребно е:
125 гр брашно
1 јајце
225 мл млеко
2 лажици вода
исечено јаболко
Подготовка:
Ставете го брашното во голем сад, додадете го јајцето, а потоа измешајте 225 мл целосно или полу-обезмастено млеко со две лажици вода и добро измешајте – смесата не треба да биде ниту премногу густа, ниту премногу тенка. Ставете го во фрижидер најмалку половина час.
Загрејте тава премачкана со малку путер на средна топлина и започнете со печење. Кога тестото ќе почне да се намалува, олабавете ги рабовите со тенка шпатула или нож, и кога ќе почне да ја менува бојата, брзо свртете ја и печете уште 30 секунди.
Ирскиот готвач Ричард Кориган, пред да ја истури смесата за палачинки во тавата, пече исечено јаболко премачкано со шеќер во путер додека не почне да се карамелизира. Потоа посипува со шеќер и цимет и го превртува и пече од другата страна.
Послужете ги со мед и шлаг на страна. Добар апетит!